Гордана Силјановска Давкова со двојна предност пред Стево Пендаровски од 74,89% од обработените гласови

Гордана Силјановска Давкова со двојна предност пред Стево Пендаровски од 74,89% од обработените гласови

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател Гордана Сиљановска-Давкова има над 100 илјади гласови повеќе од кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски. Гордана Сиљановска Давкова ќе биде првата претседателка која што ја доби довербата на мнозинството гласачи на денешните двојни избори откако и во вториот круг на изборите, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ е во двојно водство пред противкандидатот од СДСМ и коалицијата.

Од досега обработени 1.358.665 од 1.814.317, односно 74,89% од обработените гласачки ливчиња, Силјановска има освоено 405.414 пред Пендаровски кој има освоено 183.671 гласови, објавија од Државната изборна комисија на нивната веб страница.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )