Што треба да се случи во Македонија за да се активира системот за исчезнати лица „Најди ме“?!

Што треба да се случи во Македонија за да се активира системот за исчезнати лица „Најди ме“?!

Треба ли да ни се случи уште некоја голема трагедија за конечно да се направат законски измени и институционално да го активираме системот за исчезнати лица НАЈДИ МЕ? Ваков сличен систем има веќе воспоставено во Хрватска, Бугарија, Грција и Србија. Србите за прв пат го активираа пред неколку дена кога исчезна 2 годишната Данка Илиќ. Таму веднаш беше активирен алармот, прекината беше програмата на сите медиуми, сите граѓани добија СМС пораки со детален опис на исчезнатото лице. Ликот на малата Данка беше насекаде. Тоа впрочем е улогата на системот за брзо алармирање и пронаоѓање на исчезнати деца.

Кај нас за сега е само во форма на веб страница najdime.org.mk  проект кој го реализираше невладината „Новинари за човекови права„.

На неа може да се постави профил за исчезнато лице, се поплнува …… потоа откако ќе провериме, односно препорачуваме и во самата аплакицаија кога се пополнува на веб страната да биде лицето приојавено и во МВР за исчезнато. …. потоа ја објавуваме пријава за исчезнато лице и ја споделуваме по низа канали кои сега ни се достапни – вели АЛЕКСАНДРА РАДЕВСКА – НВО „Новинари за човекови права“.

Страницата беше официјално промовирана, во декември мината година по исчезнувањето, а потоа и убиството на 14 годишната Вања. За сега се уште функционира на ниво на невладини организации и доброволно вклучување на институции и претпријатија.

Ние со институциите соработуваме убаво но ние како НВО не сме во позиција да можеме да наложиме или да побараме од медиумите од компаниите тоа да го прават во оваа фаза по приниц на обврска. Го правиме по принцип на добра волја односно со билатерални договори – додава Радевска.

Според официјалните податоци на МВР од јануари 2020 до март 2024 година за исчезнати биле пријавени 54 деца, од нив 49 се пронајдени. Потрагата е се уште активна за 5 дечиња.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста