Петти ден ни трага ни глас од малата Данка Илиќ, потрагата се снима и со дрон

Петти ден ни трага ни глас од малата Данка Илиќ, потрагата се снима и со дрон

Полициски хеликоптери на мала височина патролираат на подрачјето каде што е пријавено за исчезнато двегодишното девојче Данка Илиќ, како и над блиската шума. Петти ден нема ни трага ни глас. По опсежното пребарување на просторот околу куќата каде што последен пат била видена, најверојатно потрагата ќе се пресели и во околината на Борското езеро. Станува збор за вештачко езеро кое се наоѓа во подножјето на планината Црни Врх кај Бор. Езерската вода првенствено е наменета за работењето на Рударско-топилниот басен, но и за развој на туризмот. Потрагата по исчезнатото девојче е снимена со дрон. Како што се гледа на видеото кое вчера го објавија српските медиуми, на терен вчера имало багери кои го растоварале насобраното ѓубре од дворот на куќата каде последен пат било видено детето. Возилата на полицијата и пожарникарите ротираа, едни заминуваа, а други доаѓаа, а од Данка немаше трага, пишува „Новости“. Според дел од медиумите, паралелно со теренската истрага, постојано се испрашува мајката на Данка за која се појавуваат различни , непотврдени информации од извори во истрагата, според кои 25-годишната Ивана Илиќ, наводно непосредно по страшната случка избришала голем број пораки и повици од нејзиниот мобилен телефон – но чиј траг бил откриен од ИТ експертите во полиција.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста