Во фокус: Долговите на Македонија ќе ги враќаат неродени деца, како СДСМ и ДУИ не доведоа до тука?

Во фокус: Долговите на Македонија ќе ги враќаат неродени деца, како СДСМ и ДУИ не доведоа до тука?

Застрашувачки прогнози за  „грчко сценарио“, за должничко ропство, за економија на колена беше секојдневната реториката на СДСМ додека не седнаа во удобните фотељи на Илинденска.

Кога дојдоа на власт во мај 2017 затекнаа долг од 4,7 милијарди евра или 47,7 отсто од Бруто домашниот производ – седум години подоцна, парите се побрзо се трошат, а јавниот долг ја надмина законската и психолошка граница од 60 отсто.

Дојдоја на власт со сериозни критики за висината на јавниот долг и амбициозни најави за мерки кои ќе ја заштитат државната каса.

Јавниот долг е значително пораснат и мора ад се преземат активности кои тоа ќе го решаваат . Овие задолжувања се веќе во постојниот буџет ние кажуваме дека наше – изјави на 28.06.2017 Драган Тевдовски – поранешен министер за финансии

За волја на вистината, Тевдовски успеа да врати дел од старите долгови или пак да ги репрограмира со пониски каматни стапки. Но после само 10 месеци, Владата рече „Пу-пу не важи“. Реформата на Тевдовски траеше само неколку месеци, а потоа политички неискусната нова министерка Нина Ангеловска требаше да го „спасува“. Така задолжувањата станаа главен адут на новата министерка, таа тоа го оценуваше како неизбежно за развојната политика, а критиките ги префрлаше кон политиките на претходната власт.

,Во однос на бројки, често имавме прашања дека се зголеммил од 2017 до 2019. Може да се видат на платформа, автопати, гасовод…каква е фискална м, дали ќе вродат. Споредба се прави со споменици, таму негативно. Дали треба да се инвестира, автопат, инфраструктура, претпријатија…евидентно е дека се работи за инвестици кои се стратешки кои треба да го вратат повеќе вложениот денар… – изјави во една прилика Нина Ангеловска  – поранешен министер за финансии.

Политичката функција , Ангеловска ја напушти после една година, а во нејзино време од 2019-2020 та година јавниот долг за една година имал згоплемување од  10.5 проценти.

Всушност, за целото владењње на СДСМ и ДУИ јавниот долг постојано расте. Бројките ги демантираат сите изјави на власта за успешни економски политики. Јавниот долг во моментов според Министерството за финансии е  на ниво од 57,9 % од БДП или вкупната сума пари што државава ја должи на кредиторите и заемодавачите надмина 8 милијарди евра. Најнизок јавен долг сме имале во 2008 на ниво од 23 % од БДП, а Македонија достигна рекордно задолжување во 2021 година и го проби плафонот од 60 % од БДП и од тогаш е во благ пад.

Јавен Долг

 2017 година(јуни)                   3.885 400 000                        38,0%

2018 година                              5 202 200 000 евра                   48,4%

2019 година                              5 540 900 000 евра                   49.2%

2020 година                             6 483 300 000 евра                    59,7%

2021 година                             7 135 300 000 евра                    61%

2022 година                             7 702 900 000 евра                    59,7%

2023 година(III квартал)         8 032 600 000 евра                   55,3%

Она што е алармантно е дека сега во техничката Влада, се обелоденија бројките дека јавниот долг не е оној што министерството за финансии го прикажува. Според ДЗС , долгот ја надминува границата од 60 отсто.

Ама очигледно власта не се загрижува многу многу. Наместо оттчетност пред граѓаните, тие продолжуваат со напади кон ВМРО – ДПМНЕ која не е на власт веќе седум години . Се прадваат дека се заолжувале за реални проекти, проекти кои во реалноста ги нема . Како на матрица повторно зборуваат за потрошените пари пред скоро една деценија за жални врби, а не зборуваат како нивните политики ја доведоа економијата во слободен пад . Велат нападот е најдобра одбрана , па така наместо конкретни одговори на новинари за состојбата тие велат критиките биле од вечерна школа за економија

Четворица министри од СДСМ и ДУИ , меѓу кои на еден месец со премиерската функција ја делеше и онаа на чело на ресорот финансии Зоран Заев изгледа не ги зачуваа државните пари и наместо намалување на долговите не донесоа до должничко ропство. Задолжувањето ќе продолжи и годинава. Власта при проекцијата на Буџетот предвиде 1,2 милијарди евра нови позајмици, со нив треба да се враќаат старите долгови како и да се покрива буџетската дупка проектирана на ниво од 545 милиони евра.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста