Протест во Кичево за чист град – граѓаните на дехари му истурија отпад пред Општината

Каде се вашите предизборни ветувања кога ги раскопувате улиците за да направите нови, кога ги рушевте времените објекти, кога ветувавте зелени паркови и игралишта. До денес не само што нема ништо од тоа, туку во нашиот град имаме состојба која што наликува на воена зона-кичевчани кои што денеска излегоа на улица,преку протест вака го искажаа своето незадолство од начинот на кој кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари го води градот,во својот трет мандат,обвинувајќи го,како што рекоа, за крајно некоретно и расипничко работење.

Општина Кичево да ги среди улиците, да среди се. Еве поминаа 8 месеци, ништо не направија,седнат во канцеларија и во Зајас. Се знае кои стандарди се за едно нормално и основно живеење. И градот наш е исто како еден дом во едно семејство, значи основните работи: хигиена, асвалтирани улици, тротоари – велат анкетираните граѓани.

Граѓанските активисти од Кичево го повикаа Дехари да излезе од своите луксизни возила, да и прошета пеш сам навечер, да види на кој град е градоначалник.Му порачаа да престане да ја манипулира јавноста и да признае дека нема никаква рестрикција на струја со исклучување на уличното осветлување и да каже колку пари е должна општината на ЕВН Македонија и каде отидоа парите?

Ова е моментот кога работите на локалната власт ескалираат до таа мера,каде што животот на кичевчани станува борба за опстанок во 21 век. Господине градоначалнику, трпението на кичевчани ,на вашите сограѓани, оние кои Ви ја дадоа довербата и можноста за раководење со општината во трет мандат е веќе поминато – изјави екологистот Катерина Здравевска.

Не ја доби довербата за Кичево да биде препознатлив град по депониите на секој чекор и за да живееме дишејќи екстремно загаден воздух од депониите. Ако продложи иселувањето на кичевчани,Дехари ќе биде градоначалник само на кучиња скитници па можеби и од нив ќе бара поддршка за 4 мандат-гневни зборуваа граѓнските активисти кои добија поддршка од гратските  советници од ВМРО ДПМНЕ.

Овие проблеми што ги изложија граѓаните ги засегаат буквано сите граѓани нас сите кучињата не напаќаат, ние никој немаме улично осветлување, сите дишеме од депонијата и ѓубрето низ градот,значи тука нека политичка партија  нема одредена националност ,нема верска националност ова треба да ги засега и сите граѓани – изјави советникот од ВМРО ДПМНЕ Лазе Јакимовски.

По завршување на протестот кичевчани во знак на револт пред општинската зграда исфрлија вреќи со  смет кој го собрале низ градот.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста