Од „угледен” бизнисмен до човек кој беше фатен со полн гепек петарди, кој е Дрин Ахмети?!

Од „угледен” бизнисмен до човек кој беше фатен со полн гепек петарди, кој е Дрин Ахмети?!

Од иноватор, претприемач дo човекот кој беше фатен со полн гепек петарди. Кој е внукот на Али Ахмети? 25 годишниот милионер Дрин се прослави кога за без пари стана косопственик на трговскиот центар Соравиа.

Дрин, чија фирма располага со 39% од трговскиот луксуз во срцето на метрополата, објаснувајќи како дошол до идејата да се купи имотот во центарот на Скопје, рече дека „Соравиа“ има 20 милиони евра долг, па сакале да ја разработат. Го купил трговскиот центар, како што рече благодарение на своите претприемачки способности, а не поради семејните односи со Али Ахмети. 

Покрај бизнис способностите и претприемничкиот дух, Дрин Ахмети, пред половина година стана и иноватор. За неговите иновации, тој од Фондот за иновации добил два гаранта, во вкупен износ од 82.000 евра.

Тој под инструментот за поддршка кофинансирани грантови на Фондот за иновации и технолошки развој, фирмата „Тхор Индустриес“, која неодамна ја купи Соравиа и која е во целосна сопственост на Дрин Ахмети, од фондот добила грант во вредност од 2 милиони денари, односно 32.000 евра.

Дрин Ахмети се има офајдено и од ЕЛЕМ. Преку два тендери од македонските Електрани добил 5.310.000 денари. За набавка на доломитски или калциски сепариран варовник, прво на 17-ти февруари 2022-ра фирмата Еверест ЏД, во сопственост на внукот на Али Ахмети добила речиси 30.000 евра, а на 13 јуни годинава добила уште речиси 60.000.

Иако Дрин добива бизниси од државните институции во државата каде веќе 20 години на власт е партијата на неговиот чичко, сепак вели вечниот лидер на ДУИ немал ништо со неговите бизниси.

„Али Ахмети ми е чичко и Бог да го благослови. Тој ми е мотивација. Ахмети ѝ помогна на оваа држава. Немаше да ја имаме Македонија денес ако го следевме Љубчо Георгиевски кој ќе ја поделеше државата“, рече Дрин Ахмети.

Дека бизнис империјата на семејството Ахмети е огромна го призна и Али Ахмети, тој јавно кажа дека не само сега, неговото семејството можеби е најбогатото во својата околина веќе двесте години. За него немало ништо чудно што не само неговите најблиски роднини, туку и неговите сватови прокнижуваат профити од милиони евра преку своите бизниси.

Јас не можам да му забранам никому од моето емејство да има активности. Но едно им ставив на знаење, пред законот се еднакви, како и секој граѓанин, изјави Ахмети.

Инаку, денеска компанијата „Тхор индустрис“ прославува три години постоење. Ова е фирмата која го купи трговскиот центар „Соравија“ во центарот на Скопје, купопродажба проследена со низа контроверзи и неодговорени прашања. Никогаш не се дозна колку чинело купувањето.

Освен во “Торх индустрис“ тој се јавува како сопственик и косопственик и во фирмите „Еверест ЏД“, „Потам-плант“ и „Хелиос плант“. Првата е од областа на градежништвото, а другите две се занимаваат со производство на струја.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста