НВО „Градиме иднина“: Македонија е земја на незгрижени деца – питачи на деца во социјален ризик

„Македонија е земја во која за децата-питачи и за децата во социјален ризик се води многу мала или речиси никаква грижа. Институциите како да се заспани, иако се’ што ни се случува со овие малолетни лица, ни се случува пред очите на сите. Тоа е страшно“, – вели претседателот на НВО „Градиме иднина“, Илија Јовановиќ, во чиј фокус на делување, веќе 20 години се токму оваа категорија малолетници. Последниве месеци, тој со интензивни лични средби ги анимира и надлежните државни институции како овој проблем би се решил долгорочно и институционално. Јовановиќ направил и бројни теренски истаржувања, за кои вели дека му донеле поразителни резултати.

  „Околу 4.000 во цела Македонија питачат, 1.500 немаат изводи на родени, околу педестина за четири години користат наркотични средства, дроги, марихуана и хероин, каде што МВР и Здравство ќе го испитуваат  од каде им е сето тоа обезбедено и колку штета е направена на детското здравје… 5-10 деца користат лепила за дување каде што тоа е брзата смрт и во цела Македонија во средните школи конзумирале наркотични средства околу 1146 средношколци и затоа „здрмав“ малку повеќе на повисоко ниво“, – посочува Илија Јовановиќ од НВО „Градиме иднина“. 

   Јовановиќ и самиот е домско дете. Од своите родители бил напуштен  кога имал само седум дена. „Уште од најрана возраст ги почувствував сите горчини на животот со кои се соочуваат децата без родители или без родителска грижа, што беше пресудно да се посветам на оваа работа“, – раскажува Јовановиќ.

   „Пред да излезам од Домот буквално на улица, и оттука ја почнав голготата со нашата категорија и веќе се е направено законски, изменето, дополнето: да се вработуваме, станови, факултети, образование, лиценци за обезбедување…Сега децата од Дом веќе не излегуваат на улица. Си добиваат по 3.000 евра на годишно ниво ако излезат по пет деца си добиваат по 3.000 евра. Закон за вработување донесоа, ама таа Програма претстана во времето на Мила и сега ќе барам да се продолжи тоа и секое дете откако ќе го напушти Домот има право да се запише на факултет, да продолжи со магистратура и докторат“, – објаснува Јовановиќ.

   Јовановиќ открива дека по остварувањето на веќе закажаните работни средби со ЈО, со МТСП, со МВР и со АРМ, а кои веќе се во тек, од март ќе го запчне и проектот против питачењето и дувањето лепила кај Ромите. Проектот ќе опфаќа директни теренски истражувања во повеќе градови низ земјава, а целта е институционално сузбивање на оваа застрашувачка појава кај нас.

Каролина Дурло   

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста