„Нова Македонија„ : Радев сака Македонија да биде прогласена за безбедносен ризик по теркот на Украина

Бугарскиот претседател Румен Радев има таен план за Македонија – да ја прогласи за земја од безбедносен ризик по теркот на Украина и да ги отфрли инвеститорите за економски да ја ослабне, анализира весникот Нова Македонија. Според пишувањата на весникот, економското ослбнување на Македонија ќе донесе нов нестабилен политички период и внатрешна дестабилизација и отворена можност за Бугарија да се понуди како „спасител“.

-Едно слично сценарио ѝ подготвува бугарскиот претседател Румен Радев на Македонија, кој откако не успеа пред странските партнери рационално да ги објасни причините за неколкуте бугарски вета, примени една поинаква доктрина, во која проблемот со Македонија го претстави како безбедносно прашање…Истиот наратив Радев го користеше и на средбите со неговиот француски колега Емануел Макрон, но и со другите европски политичари, ставајќи јасно до знаење дека ако не се реши спорот со Македонија, тој ќе стане безбедносен проблем што може да го дестабилизира регионот, пишува Нова Македонија.

Дека Радев има посебна агенда за односите со македонија потврдува и неодамнешното свикување на Советот за безбедност на Бугарија на која како главна тема беше ставено прашањето со Македонија. За свикувањето на државните и воени челници на Радев му замерија и голем дел од бугарските политичари,  со образложение дека Бугарија во моментов е соочена со бројни предизвици, меѓу кои не би требало да биде и Македонија.

И додека бугарските челници кројат конкретни стратегии за билатералните односи, македонската власт преку изјави јавно потврдува оти се подготвени да удоволат на сите барања на соседите колку и да се тие во спротивност со македонските национални интереси.

Од Илинденска молчат за дејствувањето на Бугарија, ама затоа бугарскиот премиер Кирил Петков се погласен дека македонските Бугари во земјава биле обесправени и инсистира да бидат внесени во Устав и да ги добијат сите права.

По Петков и евроратеникот Андреј Ковачев со порака дека Бугарите во Македонија биле подложни на дикриминација. Тврдат дека македонските историски учебници шират говор на омраза кој силно го повредува бугарското чувство на самоопределување во земјава.

Ивана Соколовиќ Најдова