Монструозно убиство: Ја удриле со кола,  ја задушиле, па малата Данка ја фрлиле на дива депонија

Монструозно убиство: Ја удриле со кола,  ја задушиле, па малата Данка ја фрлиле на дива депонија

 Ја удриле со автомобил, ја задушиле  па ја закопале на дива депонија.

Ова е трагичната судбина на двегодишната Данка Илиќ која го крена на нозе регионот. Монструозниот чин е дело на две лица кои се уапсени и го признале убиството. Веста ја соопшти престедателот на Србија Александар Вучиќ кој соопшти дека двајцата уапсени го признале делото и ја однеле полицијата на местото каде го закопале двегодишното девојче.

Станува збор за две лица на 50 годишна возраст работници во Јавното комунално претпријатие водовод во Бор. Едниот од нив е осомничен дека со службеното возило „Фиат панда“ удрил во двегодишната Данка, и ја усмртил. Заедно со неговиот колега телото на девојчето го ставиле во багажникот на возилото, по што се упатиле кон дива депонија на „Старобањски пут“ кај Бор, каде телото го фрлиле на десната страна од патот, пишуваат српски медиуми повикувајќи се на извори од истрагата.

Според неофицијални информации кои ги пренесе порталот Пинк, Данка била жива откако двајцата работници ја удриле со автомобил.

После тоа, еден од нив излегол од автомобилот и со голи раце го задавил детето, пишува порталот. Убијците на Данка Илиќ биле под дејство на алкохол кога со автомобилот го удриле девојчето, а потоа го задушиле и фрлиле во депонија.

Данка е убиена само 7 минути откако нејзината мајка пријавила дека нејзиното дете исчезнало.

Данка Илиќ исчезна на 26 март околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле кај Бор. Кога исчезнала била со мајка и и брат и оттогаш и се губи секаква трага. Поради нејзиното исчезнување, за прв пат во Србија е активиран системот „Најди ме“.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста