Малку беше ветото, сега Бугарија и токми на Македонија и ужасен ценовен шок

Малку беше ветото, сега Бугарија и токми на Македонија и ужасен ценовен шок

Таксата за рускиот гас што ја воведе Софија, а за која доби зелено светло и од Европската Комијата, ќе предизвика ново цунами на поскапувања, со што дополнително ќе го осиромаши македонскиот граѓанин. Првиот удар ќе биде енормно покачување на цената на струјата за цели 20 проценти, што по принципот на врзани садови ќе предизвика и ново големо зголемување на цените на сите производи. Владата е во паника и моли за помош од Европската Унија.

Бугарија ни подготвува ново ценовно цунами. Струјата веројатно ќе порасне за 20% што ќе повлече бран поскапувања на буквално се. Премиерот Димитар Ковачевски конечно призна дека бугарската такса за рускиот гас сериозно ќе влијае на цените на енергенсите. За разлика од Белград и Будимпешта, Скопје нема храброст да се обрати диркетно во Софија па помош бара од Брисел.

  • И јас и министерот за економија реагиравме во ЕК, јас преку претседателката на Европската комисија тој преку соодветните директорати, дека оваа такса е нешто што не треба да биде воведено. Целокупниот капацитет на влезната страна кон Македонија е даден од страна на Бугарија на „Гаспром“, што значи дека ваква такса ќе предизвика зголемување на цената на електричната енергија и затоплување кај нас до 20 проценти. Затоа побаравме да се ослободи капацитет, за да може Македонија да набавува гас од други извори за гас кој нема да биде руски и нема да биде дополнително оптоварен со оваа такса“, рече премиерот Ковачевски.

Сепак, откако стана извесно дека бугарската такса останува, премиерот највува можност и за арбитража пред меѓународен суд.

Таксата е 10 евра за мегават час. Софија од неа очекува годишен приход од 1.2 до 1.5 милијарди евра. Ќе важи за сиот руски гас кој минува низ нејзина територија. Ова е најголем проблем за Македонија, Србија и Унгарија кои во најголем дел гасот го добиваат преку Бугарија.

Доколку струјата поскапи за 20% тоа дефинитвно ќе се одрази и на цените на сите други производи со што повторно би се разгорела инфлацијата која се уште не е зауздана. Шокантните поскапувања минатава година започнаа токму поради поскапиот гас поради војната во Украина.

Инфлацијата во Македонија и сега е меѓу највисоките во регионот и во Европа, во октомври беше 6.6%, а лани достгина скоро 20%, ниво незапаметено од раните 90-ти. Граѓаните велат дека последниов период повторно се присетуваат на транзицијата кога речиси секој ден во продавница ги дочекувале нови, повисоки цени.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста