Се враќаат старите цени за осигурување при регистрација на возила

Се враќаат старите цени за осигурување при регистрација на возила

Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила, одлучи Комисијата   за осигурување од автомобилска одговорност во Министерството за финансии.

Сега се предлагаат  измени на тарифата за премии за осигурување со кои трошоците за вршење дејност на осигурителните компании се ограничуваат на 15 до 30 отсто од техничката премија, а  Конечната одлука треба да ја донесе Владата.

Ова е епилогот од денешниот состанок во Министерството откако осигурителните компании  самоиницијативно ја поскапеа задолжителната полиса за регистрација на возила за 15,4 отсто.

На претходниот  состанок во понеделникот, Агенцијата за супервизија на осигурувањето побара враќање на старите цени, но осигурителните компании си останаа на своето.

Од Националното биро за осигурување потегот го правдаа со тоа што  цената на полисата не била променета повеќе од 10 години, а трошоците за работа на компаниите значително пораснале.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )