Антикорупциска ќе проверува дали „Д-р Пановски“ си игра монопол на онкологија

Антикорупциска ќе проверува дали „Д-р Пановски“ си игра монопол на онкологија

Монополот на веледрогеријата Пановски ќе го „чешла“ антикорупциска. И ќе се утврдува дали имало судир на интереси помеѓу „Д-р Пановски“ и поранешната директорка на Онкологија, која сега е љубовна партнерка на сопственикот на веледрогеријата. Првиот човек на антикорупционерите, Билјана Ивановска е децидна дека случајот ќе се истражува до крај, и нема да има пардон за никој.

Имено, Др. Снежана Смичкова, е невенчана партнерка на сопстевникот на веледрогеријата, а е и екс-директорка на Клиниката за онкологија, но и член на онколошкиот конзилиум каде се одлучува кој пациент каква терапија ќе прима. Според обвинувањата од пратеникот Антонио Милошоски таа е директорка во сенка и дека работи во интерес на веледрогеријата која се однесува како монопол и добива над 70% од буџетот за лекови на онкологија.

„Д-р Пановски“ реагираше на овие обвинувања и ги демантира нападите и критиките, дека оваа веледрогерија е омилена на оваа владејачка гарнитура.

“Во овој период од три децении откако е основана АД „Д-р Пановски“ се сменија двоцифрен број министри и директори во ресорот здравство. Секое поврзување на економскиот учинок на „Д-р Пановски“ со било чие политичко влијание е несериозно и се пласира со цел да се наштети на корпоративниот имиџ на компанијата. Жалиме што јавноста кога ќе добие информација за вредноста на јавната набавка за лековите веднаш по автоматизам тој податок го смета и за остварен профит на веледрогериите. Апсолутно не е така” – реагираат од веледрогеријата „Д-р Пановски“.

А дека евентуални грозоморни криминали се уште има на Онкологија, тврди и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој вчера најави нови сведоштва и документи кои ги добиле од свиркач и кои сега партијата ги истражува, а се однесуваат за 2023-тата година. Мицкоски вели дека сите подотоци кои стигнале до нив, ги анализираат и истражуваат детално, по што ќе објават во јавноста за што се работи. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста