Пред изгрејсонце православните домаќинки ги вапсаа велигенските јајца

Пред изгрејсонце православните домаќинки ги вапсаа велигенските јајца

74 годишната Лилјана Панова од Штип, повеќе од 50години на Велик четвртрок пред изгрејсонце ги бојадисува велигденските јајца. И ова утро Панова, бојадиса 33 јајца, колку што и години имал Исус Христос кога бил распнат. Денеска е Велик четврток, денот кога  се одржала Тајната вечера и Јуда се откажал од Исус Христос. Црвената боја  ја симболизира пролеаната света крв, а јацето обновувањето на животот

  „Првото јајце го означува Воскресението на Исус Христос. Бојадисувам 33 јајца, толку колку што години имал Спасителот-Исус Христос. Во петок поручек одиме во црква и го носам јајцето што е за Исус Христос и другото што е наменето за среќа и здравје. Третото јајце останува дома и стои догодина„ изјави Лилјана Панова.

Велигден е празник на празниците. Ова се денови кога  се простува и се дава можност на добрината. Сплотеноста на семејството околу трпезата дава надеж за а истовремено семејството се сплотува

 „За нашето семејство Велигден е голем празник. Сите се собираме кај мене на ручек..Во душата навлегува мир и спокојство за тие празници. Кога ќе си помислиш дека се ближи Велигден „ раскажува Панова…..

За Велигден се врзуваат многу обичаи и обреди. Мирисот на баклава и милиброд, капењето со црвено јајце и здравец, спротнувањето под маса. Сепак најважниот момент е дарувањето со јајца во недела. Почитувајќи ја традицијата, ние им одаваме почит на нашите претци.

  „Кога ние го славевме Велигден додека бевме деца, беше многу скромно. Сега е раскошно. Пример се вапцуваат јајца во различни бои, а мојата мајка ги бојадисуваше само со црвена боја и со лушпи од кромид„ вели Панева

Според традицијата на Велики Четврток жените најмногу време поминуваат во кујна кога се прават и подготовките за велигденскиот ручек, кога верниците во духот на сплотеноста го чествуваат повторното раѓање на животот.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )