Луксузните возила што Османи ги изнајми за ОБСЕ се платени речиси двојно поскапо од регуларната цена

Луксузните возила што Османи ги изнајми за ОБСЕ се платени речиси двојно поскапо од регуларната цена

Исто комбе, различни цени. Османи со државни пари ќе плаќа значително поскапо од она што истата компанијна го нуди онлајн.

За мини ван со осум седишта според тендерот МНР, ќе плаќа 19.200 денари на ден без ДДВ. Но, едноставна проверка на интернет страната на истата компанија покажува дека идентично возило обичен граѓанин за седум дена би го платил 10.200 денари на ден или дури 150 евра помалку.

Според договорот ќе се изнајмат дури 35 вакви комбиња па разликата во цена достигнува дури 315 илјади денари или 5 илјади евра.

Слично е и со другите возила од договорот кој вкупно вреди 960 илјади евра, народни пари.

Спортивно на пазарната логика за голема набавка наместо пониска Бујар Османи ќе плати драстично повисока цена.

По два дена молк, откако Алфа објави за овој тендер, МНР конечно се огласи , но не ги добивме сите одговори кои ги баравме.  Дипломатијата не кажува точно кои модели на автомобили ќе бидат изнајмени, ниту зошто плаќаме толку висока цена. Образложението е дека во прашање било рамковна спогодба, а договорот ќе се спроведел во зависност од потребите.

Министерството за надворешни работи, низ транспарентна постапка, склучи Рамковен Договор за закуп на возила. Степенот на искористување да договорот ќе зависи како од расположливите ресурси за време на одржување на Конференцијата, така и според бројноста на делегациите кои ќе се регистрираат за учество, велат од МНР.

Ниту премиерот Ковачевски не гледа ништо спорно за тоа што ќе потрошиме речиси милион евра за изнајмување возила.  Постапката била во согласност со законите и се распишала оти не сме имале доволно државни автомбили и комбиња.

Ќе бидат искористени сите возила коишто ги исполнуваат стандардите на ОБСЕ во однос на организирање на ваква меѓународна конференција, а коишто ги користат во моментов државните институции. Со оглед на тоа дека има недостиг на такви возила за потребниот период, Министерството за надворешни работи имаше отворено постапка којашто е спроведена согласно законите и во рамките на тој лимит ќе биде искористено за изнајмување, а не за набавка на возила за делегациите коишто ќе доаѓаат“ , рече Ковачевски .

За потребите на самитот на ОБСЕ, МНР склучи договор во вредност од 960.000 евра со компанијата „АБЦ рент а кар“ . Според истиот ќе се изнајмат  175 возила со многу специфични карактеристики, меѓу кои се 35 ВИП возила задолжително во црна боја, 70 автомбили од средна класа, 35 треба да бидат миниван, 25 минибуси и 10 автобуси.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста