Израел, Србија – Косово, замрзнатите терористички ќелии – Пендаровски го свика Советот за безбедност

Израел, Србија – Косово, замрзнатите терористички ќелии – Пендаровски го свика Советот за безбедност

Безбедносната ситуација на Македонија, ризиците и информациите со кои располагаат државните органи , на маса во Вила водно. Воениот конфликт во Газа, војната во Украина и состојбата на Северот од Косово, стравувањата за можни терористички напади во Европа, особено ескалацијата во Бањани, го натера шефот на државата да ги со свика Советот за Безбедност.

Џафери, Ковачевски, Спасовски, Петровска, Османи, двајца универзитетски професори и еден поранешен министер како дел од ова тело, но и првиот човек на Агенцијата за национална безбедност, Зарко Милошевски како и директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу дискутираат за безбеноста во државата.  На седницата најверојатно ќе се разговара и за информациите на италијанскиот весник „Ил Темпо“ дека тамошните разузнавачки служби откриле 20-тина терористички ќелии на Балканот од кои дел и на македонска територија.

Иако по секоја седница на Советот за безбедност, Пендаровски се обраќа пред македонската јавност на прес-конференција, овој пат тоа нема да е случај. Од Вила Водно најави дека откако ќе заврши седницата, заклучокот односно оценката за безбедноста во Македонија ќе биде срочена во соопштение.

Состанокот на Советот доаѓа и по гласањето на Јорданската резолуција во Обединетите нации со која се повикува на „итно, трајно и одржливо хуманитарно примирје“ меѓу Израел и Хамас, а за што земјава остана воздржана.
120 земји гласаа за Резолуцијата на Генералното собрание на ОН која беше поднесена од Јордан, а 14 гласаа против. Меѓу 45-те земји кои гласаа воздржано беше и Македонија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста