Летно „лудило“ во Охрид среде пандемија

Летно лудило го зафати Охрид,градот ечи од сите страни- во неподносливо топлите ноќи,градот е буден 24 часа. Охрид деновиве е далеку од туристички бисер,сликата е очајна,до утринските часови младите дивеат по кејот, пристаништето, не знаат нити каде заспиваат нити каде се будат,легнуваат каде што ќе стигнат.Преполни и прекриени со купишта смет кои зад себе ги остава младата популација, се и најзначајните културно историски знаменитости во стариот дел на град.Сред пандемија, кога државата е на прагот на четвртиот бран на ковид, концертите кои секојдневно ги има,го преполнаа Охрид. Охриѓани се жалат дека се под седативи,негодуваат дека поради прегласната музика,со денови не ставиле глава на перница,грми од ривиерата и кафеаните.

Градов Охрид што ги има најдено сега околу туризмот, овие лоши работи,невеста прва вечер нема јадено тоа што треба да биде, така да заете толку само-изјави Наум Мато-охриѓанец.

Од 29-ти јули до сега, закажани се и одржани повеќе од 15 концерти и 3 големи фестивали на отворените сцени и стадиони,не вбројувајќи ги тука и секојдневните настапите на балканските пеачи во ноќните локали кои се буквално преполни.

 Да, во Охрид се претежно млади лица кои што нормално и разбирливо се свртени кон забава од таму произлегува и фактот што објектите кои што нудат забава навечер  се полни.Сега се надеваме дека таквата гужва нема да добие негативен ефект во работењето-рече Михаил Мишев-еснаф на угостители.

90 посто од програмата на Охридски лето се одржува внатре во цркавата Света Софија со 30 проценти исполнетост на капацитетот, и 50 % на отворените сцени,така требаше да биде на сите манифестации во Охрид,вели директорката фестивалот.

Па искрено не сметам дека требаше да биде полн Античкиот театар или останатите сцени каде што се одвива фестивалот Охридско лето заради тоа што пандемијата сеуште трае.Јас сум среќа што е по олабавено од мината година, но сметам дека не треба цел капацитет да е исполнет-рече Нашата Поповиќ-дир на Охридско лето.

Декаорганизаторите на музичките концерти не ги почитуваат законските мерки за заштита на населението од заразни болести потрдуваат и од пазарниот инспекторат.За време на продолжениот празничен викенд, од 30-ти јули до 2-ри август,утврдиле дека посетителите не носеле заштитни маски, не се одржувала дистанца и се надминал дозволениот капацитет на посетители.Поради тоа,издадени се 11 забрани за вршење на дејност на организатори на музички настани кои ги прекршиле важечките протоколи за заштита од корона вирусот и  организирале концерти во поранешна касарна, на градскиот стадион, на пливачкиот базен, спортскиот центар и пред охридски хотели. Изадени се и 28 прекршочни платни налози на 14 субјекти,а 3 угостителски објекти добиле опомени за отстранување на констатирани недостатоци.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста