Лавров на прес во Скопје: Најде вина кај сите други за сите проблеми, само не кај својата Русија

Лавров на прес во Скопје: Најде вина кај сите други за сите проблеми, само не кај својата Русија

За првиот руски дипломат Сергеј Лавров сите други освен Русија се виновни за сите проблеми во светот. Запрашан дали има некакво руско сценарио во бугрските уцени и условувања кон Македонија, вината ја најде кај западните држави и Европската Унија. Според Лавров западните сили биле виновниците за случувањата и на целиот Балкан, како и за распадот на Југославија.

-Не сум експерт за односите Македонија- Бугарија, но македонските граѓани имаат целосно право да делуваат рамноправно во сите активности на заедничкиот континент. Ако даваме генерална оценка не само за односите Македонија- Бугарија, туку и за другите балкански проблеми. Коренот на проблемот лежи во однесувањето на западот. Македонија со години беше нарекувана БЈРМ и имаше понижувачко име, знаеме што се случи со името Северна Македонија. Знаеме што е вистината, изјави Лавров.

Вчерашното контроверзно однесување на Лавров, продолжи и во текот на денешниот ден. Ги нападна американскиот државен секретар Ентони Блинкен и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел бидејќи се обидувале да ја изолираат Русија. Удри и по Полска и Чешка чии министри не беа на состанот на ОБСЕ во Скопје.

-Блинкен го избегна состанокот, но јас еве сум тука, него не го гледам. Денеска госпоѓа Захарова ми покажа две различни фотографии, објавени во македонските весници. Првата беше од вечерата кога сите пристигнаа на вечерата и направиле фотографија да објават во весниците, дека сите дошле освен Лавров. Останатите весници објавија фотографија од утринското отворање, каде што бев присутен со сите мои колеги, но немаше украински министер, ниту претставници од балтичките држави, изјави Лавров. 

И за руската агресија кон Украина вината ја најде кај други. Според неговите зборови, било подготвено примирје, но официјален Киев од поранешниот британски премиер добил порака да ја продолжи војната.

-Постоеше договор и тој беше таму, во Истанбул на крајот од мај, по неколку рунди преговори. Три рунди во Белорусија и последната во Истанбул. И беше постигнат договор. Тоа го потврди и еден од учесниците во преговорите, од групата на Зеленски, Давид Рахамја, тој беше дел од делегацијата во Истанбул. Нo,  Борис Џонсон дојде и рече – не, треба да продолжите со војната, порача Лавров.

Лавров порача и дека е песимист околу иднината на ОБСЕ како организација. Изрази незадоволство од самитот, бидејќи не се штителе еднакво правата на сите, туку само на избраните.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста