Две и пол години казна затвор за екс-ген.сек Мухамед Зеќири
Два договори во „четири очи“ му пресудија 2,5 години казна затвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири. Се консултирал со фирма основана 20 дена пред да падне спогодбата и го оштетил буџетот за над 1,1 милиони евра. Првиот договор за кој е осуден Зеќири се однесува за консулатски услуги за Македонски пошти склучен во мај 2021-та, за кој осомничени се и двајца Хрвати, кој се недостапни на органите на прогонот. Вториот договор, пак се односува исто на консултатски услуги, за приватизација на Железници Транспорт АД Скопје, на кој Зеќири го ставил својот потпис во јуни пред две години.
Судот како отежнувачка околност во носењето на казната долга две ипол години, го ценел и фактот дека ваквите злоупотреби од функционери во последниот период се зачестени, а поради тоа граѓаните губат доверба во државните институции.
- ПРЕСУДА: Говори судија Фанка Јанчулевска Михаиловска: Фактот што генералниот секретар што постапувал по заклучокот од 67та седница на Владата, не ја исклучува неговата кривична одговорност ниту дава легитимитет на склучените договори, ниту му дава право на генералниот секретар по автоматизам да склучи договор со познат добавувач без да спроведе соодветна постапка за јавна набавка.
Зеќири вели не бил виновен, бидејќи спореведувал умисла на други. За склучување на договорите надлежни биле правните служби во владата, а за ваквата идеја на Фатмир Битиќи гласала цела Влада.
-Во целиот процес никаде и во ниту еден момент не беше докажана моја умисла во склучувањето на договорите, затоа што јас само сум спровел умисла на други, односно на владата кои беа предложени од вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Јас спомнав и во мојот завршен збор дека во владата кога се задолжува генералниот секратар експлицитно се наведува кога е во прашање спроведувањето на јавната набавка, рече Зеќири.
Судот не прифати имотот на Зеќири да биде конфискуван, но тој треба штетата од речиси 72 милиони денари да ја врати во државната каса.
Од казната, од вкупно 30 месеци му преостануваат за одлежување уште само 11, бидејќи беше под мерки од самиот почеток на судската постапка. Најпрво во Шутка, а потоа беше и во домашен притвор. Ниската затворска казна доаѓа по измените во КЗ на власта, злоупотребите на функционерите да се казнуваат од затвор од 1 до 5 години, наместо како што беше претходно 5 години да биде минималнта затворска казна.