И вработените во ФЗОМ излегуваат на протест в петок

И вработените во ФЗОМ излегуваат на протест в петок

Институциите пред крах. Секојдневно расте незадоволството и револтот во државната администрација. И Вработените во фондот за здравство заедно со административците од судовите, обвинителства, правобранителстовото и народниот правобранител во петок излегуваат на протест пред Собранието.

Синдикате бараат од 7 500 до 10 000 денари покачување на платите на вработените во Фондот за здравство. Институцијата се соочува и со дефицит на кадар.

  • „Над 50% од вработените ни со две нивни плати не можат да ја достигнат минималната синдикална кошничка, која сега изнесува 48.389 денари. Ваквата состојба допринесува за егзодус на вработените од фондот за здравствено осигурување. Како податок, само во Скопје на овие работни места имаше 50 вработени, сега помалку од 20.“ – Истакна Трпе Деановски од УПОЗ.

Освен покачување на платите, вработените во Фондот бараат и нов колективен договор.

  • „Ќе протестираме пред собранието на Република Македонија, затоа што тогаш најверојатно ќе се гледа распределбата на буџетот за фондот за здравствено осигурување.“ – Изјави Бранко Аџигогов од синдикатот при Фондот за здравствено осигурување.

Аџигогов побара смена и одговорност од директорот на секторот за финансиски прашања, Миле Сугарев, поради лошото менаџирање.

Синдикалците предупредуваат, ако политичарите немаат слух, сите вработени во државата можат да останат без здравствено осигурување.

  • „Спремни сме кога на политичките партии и на државата највеќе ќе им биде потребно, да прекинеме со обработка на податоци за државна изброрна комисија, да прекинеме со исплата кон сите јавни здравствени установи, да прекинеме прием и исплата на сите боледувања и рефундации.“ – Порача Трпе Деановски од УПОЗ.

Инаку, фондот за здравствено осигурување целокупно го финансира јавното здравство, како и дел од приватните клиники. Доколку вработените во оваа клучна инситуција се одлучат на геренрален штрајк, опција што не ја исклучуваат тоа ќе значи и целосен колапс на здравствените услуги во државата.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста