Годишно повеќе од 120 лица го губат животот во соoбраќајни несреќи – Кој е виновен?

Годишно повеќе од 120 лица го губат животот во соoбраќајни несреќи – Кој е виновен?

Брзото возење, алкохолот, лошата сигнализација, старите дотраени патишта со дупки, пропустите при контрола на возилата – кој е виновен за големата смртност на македонските патишта? Собраќајните експерти велат дека сите овие фактори се причина за несреќите со смртни последици.

  • „И квалитетното обновување на стара инсфраструктура и изградбата на нова инфраструктура, влијаат за намалување на жртвите во сообраќајот“ – Смета сообраќајниот инженер Игор Митревски.

Според податоците кои ги сподели Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот во Македонија, само минатата година, 124 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди, а 3834 биле повредени. Годинава до месец август, бројот на загинати во сообраќајни незгоди изнесува 85, а повредени биле 2805 лица.

На светскиот ден на сеќавање на жртвите во сообраќајните незгоди, експертите порачуваат конечно да излезе на виделина вистината за двете најтешки сообраќајки кај Ласкарци и Струма. Судските рочишта со години се влечат, но нема никава разрешница.

  • „Бирото за судски вештачења уважи вешт наод на лице кое е пензиониран професор во средно училиште, меѓутоа, се апстрахираше од вештачењата кои беа направени од универзитетските професори. За жал, оваа неправда, се отсликува на сите извештаи кои Република Макеоднија ги има добиено од европската комисија.“

Митревски порача конечно да заврши и патот Кичево-Охрид на кој често се случуваат фатални сообраќајни незгоди. Сообраќајните експерти велат дека потребно е да се инвестира во реконструкција и изградба на нови патишта. Безбедноста на патиштата и соодветна патна инфраструктура, се едни од сегментите кои најмногу говорат за степенот на развој на една држава.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста