Ревизорите утврдиле дека милионскиот булевар во Прилеп предизборно бил ставен во употреба без технички прием

Ревизорите утврдиле дека милионскиот булевар во Прилеп предизборно бил ставен во употреба без технички прием

         Реконструираниот Булевар „Гоце Делчев“ за кој беа потрошени фанатастични еден милион евра, во 2020 година година бил ставен во употреба без технички прием. Прилпечани, како возачите, така и пешаците, се’ до ден-денес користат Булевар без да се знае дали тој навистина ги исполнува критериумите за едно вакво исклучително фрекфентно сообраќајно решение во срцето на градот. Ова е нотирано во Извештајот на Државниот завод за ревизија, а кој актуелнота градска власт го добила деновиве.

  „Во истиот тој Извештај е поместено дека неколку спорни точки треба да се земат во предвид и треба да се работи на нивно отстранување. Тоа е и техничкиот прием на Булеварот, кој што го нема, а беше клучен проект на претходната ЛС“, – посочува Дејан Проданоски, претседател на Совет на општина Прилеп.

   Кој, зошто и како дозволил да се направи еден ваков сериозен незаконски пропуст, а чии последици можат само да се претпостават, вчудоневиденост предизвика и кај сегашната локална власт.

  „Јас морам да постапам во консултација со правници. Но, ќе бидат преземени сите мерки за спроведување, прво на постапката да се анализира и ќе се сносат сигурно санкции или законски одговорности кои ќе се побараат од непостапување по евалуацијата на тој проект“, – кажа Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

   Реконструкцијата на Булеварот „Гоце Делчев“ во должина од 560 метри, беше еден од капиталните проекти на претходната локална власт. Официјалното пуштање го означи екс-премиерот Зоран Заев на 19 декември 2020 година кога не штедеше зборови за да го испофали проектот, нарекувајќи го Булеварот – „писта“ и „вековиште“.

    „Денеска официјално го пуштаме во употреба Булеварот „Гоце Делчев“, како најмодерна градска сообраќајница со нов лик. Прилеп треба да се гордее со овој Булевар, современ Булевар, со пешачки и велосипедски патеки кој што прилепчани ги очекуваат долги години. Ова е вековиште, ова останува на сите други“, рече тогаш Зоран Заев, екс-премиер. (19.12.2020)

   Инаку, неофицијално, во Прилеп, Булеварот не е единствен објект кој во тоа време бил ставен во употреба без технички прием. Постојат сомнежи и за одредени станбени згради, а чии сопственици, наводно, имале блиски врски со централната власт.  

Каролина Дурло    

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста