Граѓаните бесни – И предлагаат на власта таа да прехрани семејство со 50.000 денари месечно

Граѓаните бесни – И предлагаат на власта таа да прехрани семејство со 50.000 денари месечно

Не само бизнисот, туку и граѓаните не очекуваат ништо добро од најавата на Владата дека – гарантираните цени во маркетите, ќе важат до крајот на годината. Најголем проблем им е инфлацијата, која ги прави се посиромашни. Имаат предлог до претставниците на власта – тие да се обидат со 50 илјади денари месечно, да обезбедат се што му е потребно на 4 -члено семејство.

Срамота е во денешно време да не лажат со еден или два денари намалување на цените, но и смешно минимално зголемување на примањата во време на скапотија. Граѓаните бурно регираат оти се живо е поскапено, а платите и пензиите никако реално да пораснат. Велат дека потребни се достоинствени примања сега и веднаш, оти инфлацијата пред време им ги изела и онака ниските примања. Велат дека сега само преживуваат, наместо достоинствено да живеат како некогаш.

  • Овие ги преминале сите граници. Срамота е ова што го прават. Јас ќе им дадам 50.000 на оние арамиине во Владата, па тие со овие пари нека ранат цело семејство. Секој ден е се поскапо и поскапо, ова веќе ги поминува сите граници, реагираат граѓани за Алфа, откако бранот поскапувања никако да забави.

Тоа што цената на храната останува „под мраз“ до Нова година, и нема никаков ефект за џебот на граѓаните е неприфатливо и за бизнис заедницата, која е против замрзнување на цените на производите. Миле Бошков од организацијата на работодавачи на Македонија, вели дека Владата мора да носи реални, а не популистички мерки за ублажување на ценовните шокови.

  • Мерките кои намалуваат еден, два или три денри, дури и го зголемуваат гневот кај потрошувачите. И ние навистина можеме со одредени мерки, да го поттикнуваме нашето домашно производство, нашите граѓани да купуваат наши производи, индикретно за одредени заштитни мерки за нашите производи и така да се придонесе за сите“, вели меѓу другото за Алфа Миле Бошков, претседателот на Конфедерацијата на работодавачи на Македонија.

Откако властите на 19 септември под притисок на јавноста ја донесоа одлуката за гарантирана цена, рекоа дека со вакви мерки инфлацијата до крајот на годинава би паднала до 5%, што според економиските експрети и граѓаните ништо не се чувствува во пракса.

Претходно неколку пати реагираше и Организацијата на потрошувачи, кои посочија дека не треба да се укинат „акциите и промоциите“ низ маркетите затоа што со тоа купувачите се доведуваат во заблуда.

  • Знаеме дека замрзнувањето на цените е популистичка мерка и дека имаме пазарна економија, но во вакви ситуации не треба да се чека, треба да се излезе со точна проценка и да се преземат мерки зашто се оди на товар и на штета на потрошувачот. За основните намирници мислам дека не треба ни да се зборува. Поради високите цени, многу граѓани купуваат производи со помал квалитет или со помала нутритивна вредност, а пристапот до основните прехранбени производи е елементарно човеково право. Потрошувачот мора да има пристап до основните потрошувачки добра, особено храната – млеко, сирење, путер,“ нагласи Лончар Велкова. 

Стопанството алармира дека ваквите мерки за замрзнување на цените, се само мачкање очи, а нереалните очекувања за намалување на инфлацијата нема да помогнат, затоа што таа досега им ги изеде и онака ниските примања на граѓаните. Цената на храната останува „замрзната“ до Нова година, а потоа ќе биде неизвесно што ќе се случува.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста