Каевски, Димевски и Мојсовски се гонат за поделба на ваучери од Агенцијата за млади и спорт вредни 5 милиони евра

Каевски, Димевски и Мојсовски се гонат за поделба на ваучери од Агенцијата за млади и спорт вредни 5 милиони евра

Портпаролот на СДСМ и поранешен директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каеваки, поранешниот ракометар и актуелен директор на Агенцијата, Наумче Мојсовски, како и актуелниот претседател на Македонскиот олимписки комитет Даниел Димески се обвинети за злоупотреба на службената положба поради аферата тешка 5 милиони евра за доделување ваучери преку Агенцијата за млади и спорт . Обвинителството поднесе предлог против 12 мина за кои бара судот да им додели мерки на претпазливот.

Во телефонски разговор за Алфа, портпаролот на СДСМ Каевски вели дека денеска не се појавил во судот, а на прашањето дали е дел од истрагата, Каевски спушти телефон.

Денеска не сум повикан во суд. Дали сум бил повикуван во обвинителство за тоа не сакам да разговарам преку телефон. Немам никакви информации да споделам со вас, во гужва сум и имам и други телефонски разговори што треба да ги направам, вели Каевски.

Засега од обвинителството не откриваат повеќе информации околу дејствијата што им се ставаат на товар на лицата, ниту пак нивниот идентитет.

„Постапувајќи по поднесената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата, надлежниот јавен обвинител поднел обвинителен предлог против 12 лица за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и Несовесно работење. За осомничените до Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерки на претпазливост“, информира ОЈО.

Антикорупционерите лани побараа кривично гонење на директорот на агенцијата Наумче Мојовски и членовите на Централната комисија поради сомнежи за злоупотреби на ваучер системот на финанасирање фондации и спортски клубови во периодот од 2020 до 2022 година.

По иницијативата на ДКСК следеа низа обвинувања меѓу Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )