Ќе свика ли и кога работна група во Собрание на тема избори? Џафери молчи

Ќе свика ли и кога работна група во Собрание на тема избори? Џафери молчи

Молк од кабинетот на собранискиот спикер Џафери, за тоа, дали ќе свика меѓу-партиска работна група за да се утврдат деталите околу изброите кои треба да се одржат идната година. Ова следи откако двете најголеми партии веќе се согласија за формарање на парламентарно тело, кое ќе расправа за датумите на изборите, но, останува Џафери да пресече.

Собранискиот спикер претходно изјави дека е подготвен единствено да свика лидерска средба доколку такво барање дојде од политичките партии.

Во меѓувреме, од „Демократско движење“ на Изет Меџити, порачуваат дека изборите треба да се случат што поскоро.

  • „Бараме најбрзо можно да се организираат и поздравуваме вакви потези и иницијативи за оргнанизирање на фер и коректни избори. Ние сме подготвени уште од од утре да се започне постапка за иницирање и организирање на изборите. Учествуваме во работните групи. И ние бараме што поскоро да се организираат изборите.“ – Изјави Фари Исени од „Демократско Движење“.

Оттаму велат оти од ДУИ знаеле дека ќе загубат на идните избори и ќе одат во опзоција, па ја обвинуваат својата поранешна партија, дека создава амбиент за аболиција за своите членови, а се кријат зад името на поранешниот премиер.

  • „Измените во кривичниот законик беа почеток за сега да продожат со иницијатива пред врховниот суд, со која се бара враќање на аболицијата на Ѓорѓе Иванов. Медиумите известуваат дека лично Артан Груби е замешан во лобирање и притисоци да се вратат во живот помилувањата. Ние остро го осудуваме ова однесување на власта. Ние сакаме правда. Тие сакаат пазар и тргување со правдата. Денес за Груевски, утре за нив самите.“ – Пороча Фари Исени од „Демократско Движење“.

Оттаму ги повикуваат судиите од врховниот суд да не подлегнуваат на измамите и притисоците од ДУИ. Порачуваат дека албанците се против политиката на ДУИ и оти казната ќе ги стигнела за скоро.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )