Maкедонското МНР како по навика молчи за скандалозното писмо на бугарскиот конзул во Чикаго

Maкедонското МНР како по навика молчи за скандалозното писмо на бугарскиот конзул во Чикаго

Обидувајќи се да го саботираат месецот на македонско американско наследство, Бугарите најверојатно ќе останат без месецот на бугарско американско наследство.

Ова веројанто ќе биде резултатот од скандалозното писмо на нивниот конзул во Чикаго до гувернарката на сојузната држава Мичиген во кое ја навредува македонската нација.

Од друга страна чествувањето на македонската култура во Мичиген ќе продолжи иако на официјалната интернет страница на гувернерката е отрстранета прокламацијата.

Од Обединетата Македонска Дијаспора велат наместо иселениците од соседните земји да соработуваат и заедно да се борат за поголема видливост во американското општество, официјална Софија меша билатерални односи и спорови и онаму каде не им е местото.

Обединетата Македонска Дијаспора е во исчекување и на одговор од страна на ФБИ каде го пријавиле конзулот за транснационална репресија.

Тој пак бара средба со тимот на гувернерката за да се дообјасни.

Инаку во писмото освен што Македонците во Америка ги нарекува бугарски Американци, изразува и загриженост дека прокламацијата ќе се искористи за присвојување на нивното културно наследство. Во писмото конзулот објаснува  дека по „комунистичкото преземање на Југославија по 1944 година, комунистичката власт насилно промовирала нова македонска етничката припадност“.

„ Прво би го истакнал добро познатиот факт дека Македонија е географски регион, кој спаѓа во територијата на четири различни суверени држави: Бугарија, Грција, Албанија и Македонија (поранешна југословенска република, независна од 1991 година). Терминот „македонски“ немаше и не може да носи никаква референца на конкретнa македонскa етничка група во годините пред 1944 година“, се вели во писмото на Светослав Станков, конзул на Бугарија во Чикаго.

Како по обичај македонското Министерство за надворешни работи нема никаква реакција ни на оваа провокација која дојде од бугарскиот конзул во Чикаго.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )