Се повеќе граѓани се заглавени во „канџите“ на сиромаштијата

Се повеќе граѓани се заглавени во „канџите“ на сиромаштијата

Инфлацијата се намалува платите и пензиите растат, сиромаштијата се згоклемува. Парадоксални се состојбите во економијата која од ден во ден турка во сиромаштија се` поголем број граѓани. Податоците кои се обелоденија во пресрет на светскиот ден за искоренување на сиромаштијата отсликаа загрижувачки тренд. Дека дури половина милион граѓани се обидуваат да преживуваат дневно со помалку од 200 денари. Бројка која расте и која според експертите е со тенденција да продолжи да расте. дилемите се зошто бројните политики кои ги проммовира власта се без ефекти.

Без реална и јасна стратегија обичниот граѓанин само ќе тоне во сиромаштија, а Македонија тешко дека ќе излезе на крај со скапотијата, алармираат економските експерти. Од година во година сиромаштијата зема се поголем замав. Колкав, како последно отсликаа невладините организации кои обелоденија загрижувачки податоци за дури половина милион луѓе кои преживуваат за помалку од 200 денари дневно. Експертите се загрижени и предупредуваат дека овие податоци само отсликуваат какви реално се политиките што ги презема власта. Професорот Лазар Јовевски предупредува дека е крајно време да се напуштат политиките на популизам и сериозно да се преземат реални стратегии.

  • Мора државата да интервенира и да преземе чекори и мерки кои ќе ја намалат стапката на сиромаштија. И мора да се направи се за оттргнување на граѓаните од патот кој што ги води кон сиромаштија. До сега имавме многу мерки, меѓутоа дел од нив беа не навремени, не дадоа ефект и не вродија со плод, и затоа мора да се најде решение кое ќе биде на долг рок прифатливо за сите. Потребни се реални чекори кои ќе обезбедуваат реални мерки и ќе отворат нови работни места, вели за Алфа професорот Лазар Јовевски.

Последните податоци за сиромапштијата статистика ги објави пред три години. Исто толкав период нема ниту конкретна стратегија за справување со сиромаштијата, што според упатените само покажува дека проблемот е многу сериозен и допрва може да се продлабочи.

  • До крајот на 2023 година ние би имале вкупно 510.000 граѓани што се во умерена сиромаштија. Тука спаѓаат сите што имаат помалку од 200 денари на ден, што значи повеќе од четвртина од државата ќе имаат само за преживување, истакна економскиот истражувач професорот Бранимир Јовановиќ.

Отсуството на Ако власта не стави прст на чело и не преземе реални, а не само козметички мерки, сиромаштијата уште повеќе ќе се зголемува, велат економистите. Алармираат дека нема ден, а да нема еден куп куфери на автобуските станици и аеродромите, оти незадоволната младина постојано купува билет во еден правец оти сака да живее како што доликува, а не да само да тапка во место.

Според последните податоци, повеќе од една четвртина од луѓето се очекува да западнат во сиромаштија до крајот на годинава, зашто државата никако да ги покачи платите на работнците, кои мака мачат со бранот поскапувања. Според економските експерти над 510.000 граѓани живеат со 60, односно со помалку од 200 денари на ден, пари што не стигнуваат за леб и млеко, а камо ли за други трошоци. Овие податоци покажуваат дека проблемот со сиромаштијата станува хроничен за македонската економија.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста