Мицкоски:  Власта го казнува бизнисот со екстра оданочувањето

Мицкоски: Власта го казнува бизнисот со екстра оданочувањето

Владата нема да се смилува и да го одложи плаќањето на солидарниот данок додека Уставниот суд не донесе одлука по иницијативата на Стопанската комора. Откако  судот се изјасни дека во моментов не можат да донесат времена мерка, по барањето на бизнисот дека рокот е прекраток , од Илинденска не отстапуваат од нивниот став.  Компаниите ќе мора дебело да платат , ако Уставен не пресече до 25 – ти октомври до кога е и рокот за да се плати солидарниот данок.

Даноците за солидарност се применувале низ историјата и се применуваат сѐ уште во повеќе земји. Со нив се потпомага и поддржува одредена кауза поврзана со подобрување на ситуацијата во економијата и општеството. Се додека Уставниот суд не донесе одлука, Законот за солидарен данок е во сила и компаниите кои се опфатени со него треба да го платат овој данок, велат од Владата

Опозицијата критикува дека потегот на власта да воведе екстра давачки е непријателски кон бизнисот. Според лидерот на ВМРО ДПМНЕ некоректно е  фирмите и граѓаните да ја покриваат буџетската дупка. Христијан Мицкоски денеска од Гевгелија, каде е на средба со тамошни стопанственици и претставници на локалната власт, реагира дека е недозволиво власта да ги казнува, наместо да ги поддржи домашните компании: 

ТОНСКО ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ – Претседател нa ВМРО – ДПМНЕ

ВМРО – ДПМНЕ е пријател и како идна Влада, ќе биде пријател на бизнис заедницата а не како сега . Цениме дека бизнисот заслужува поддршка и ние како ВМРО мора да ја разбиеме стигнамата дека нема од каде владата да ги притисне  граѓаните и бизнискот . Силна поддршка за бизнисот дека ВМРО како идна Влада ќе биде партнер на бизнисот , задржувајќи ги луѓето во Македонија.

Во моментов  во Уставен суд се отворени два предмета по две иницијативи кои целосно го оспоруваат законот, а времената мерка која ја побара Стопанската комора  не можат да ја донесат поради процедурите, и согласно Деловникот за работа за истата ќе се расправа кога ќе се одлучува за главниот предлог.

Законот за екстра оданочување го обедини бизнисот како никогаш до сега. Иницијативата на Стопанската комора до уставниот суд добива голема поддршка, дури и од компании кои не се директно засегнати од обврската.  Инаку, Законот се врати по втор пат во Собрание под параванот на Европско знаменце  во состав на даночната реформа  и власта го помина покрај сите негодувања од компаниите, но и критиките од експертската фела и опозицијата.   Од солидарниот данок планирано е да се соберат околу 76 милиони евра од компаниите кои лани оствариле добивка над 10 милиони евра. 

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста