Отстранети знамињата на Албанија и на ОНА од црквата на тетовско кале

Отстранети знамињата на Албанија и на ОНА од црквата на тетовско кале

Остранети се знамињата на Албанија и ОНА од црквата и манастирскиот двор на тетовското кале, кои вчера попладне биле забележани, а случајот веднаш e пријавен во СВР Тетово. Вакви „декорации“ во манастирскиот комплекс на тетовското кале има речиси секоја година после 14 март, кога челници на ДУИ го одбележуваат почетокот на воените дејствија во Тетово во 2001 година. Чествувањето се одбележува во комлексот посветен на бригадата на „Мујдин Алиу“ лоциран во тетовското село Селце.

Непознати лица, вчера доцна попладнето поставија албанско знаме, над куполата на црквата „Свети Атанасиј“, на тетовското кале. Црковниот одбор кој го надгледува овој храм во Тетово, ги известил локалните власти за сквернавење на верскиот локалитет. Според извештаите, дополнително, забележано е и знаме на „УЧК“, поставено, на бандера во близина, на влезот на Калето. Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски, потврди дека, по добиената пријава веднаш била испратена екипа за увид.

Сличен инцидент се случи кон крајот на ноември, кога беше симнато знамето на македонската православна црква-Охридска архиепископија, од јарболот во дворот на манастирот „Свети Наум охридски-чудотворец“ на Попова Шапка.

Знамето беше фрлено, а на негово место беше ставено, знамето на Албанија. Тетовската полиција тогаш брзо реагираше и за смо неколку часови го приведе сторителот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста