Деканатската управа на Финки на протест пред владата

Деканатската управа на Финки на протест пред владата

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ФИНКИ, со одлука на деканатската управа, денеска во 12 часот излегува на мирен протест пред владата.

Неформалната организација „Студентска револуција“, го поддржува денешниот протест. Од факултетот соопштија, дека, на протестот ќе се одржи 25-тата, редовна седница на наставно-научниот совет.

Целта на протестот, како што почочуваат од ФИНКИ, е укажување на власта за потребата, од подобрување на условите за студирање на факултетот.

Со повеќе од 5 илјади студенти, ФИНКИ е најброен факултет во Македонија, а проблем за управата е тоа, што факултетот нема доволно простор, за да ги смести сите запишани студенти.

И од неформалната организација „Студентска револуција“ соопштија, дека го поддржуваат протестот на ФИНКИ.

„Доста е со испити, до 8 часот навечер, целодневни предавања и ред други проблеми, со кои се соочуваат најбројните студенти на „УКИМ“. Ајде, сите заедно и обединети, да се избориме за нашите права“, се вели во повикот, на „Студентска револуција“.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста