Железничката станица во Скопје наликува на сцена од хорор филм – возови нема и никој ништо не презема

Железничката станица во Скопје наликува на сцена од хорор филм – возови нема и никој ништо не презема

Празно, пусто, без никаков џагор од патници. Вака во 21 век изгледа Железничка станица во Скопје. Чекалните и ходниците се празни, возови нема, условоите лоши, како никогаш до сега. Единстевните кои беа на Железничката беа вработената на шалтерот, еден залутан патник, и полицијата која нѐ пречека. Ваква е сликата сега на Железничката Станица, тажно, како никогаш до сега.

Вон функција се платформите, чекалната, ескалаторот, тоалетите. И додека кај нас железничкиот собраќај пропаѓа, во соседна Србија тој постојано се унапредува и модернизира. Во Белград се отвори нова главна  модерна железничка станица со пет перони, осум пруги и ресторани која се простира на над 6.000 илјади квадратни метри.

За реализација на проектот во Белград, се вложени повеќе од 20 милиони евра.

За разлика од соседна Србија, кај нас, сликата е очајна. Ако некогаш овде имло река од патници, сега сликата е многу тажна.

Оваа табла со патоказ ќе ве пречека на самиот влез, но иако убаво напишано и означено со стрелки, ништо од ова не функционира. Ходниците кои се студени и делумно осветлени како ги изело времето, а плафоните само што не паднале.

Сега, работат само еден, до два шалтера од билетарата, на која пред години и години, се чекаше ред и по половина час за да се купи билет.

Граѓаните велат, сакаат да патуваат со воз, но за жал тоа сега го нема. Но и кога го имаше, велат, се плашат да не останат дефект по пат.

И тој еден патнички воз кој сообраќа од Скопје за Битола и обратно, изминативе денови воопшто не превезувал патници.

Кај нас последна инвестија во желзничката инфраструктура  енаправена во 2016тата година како беа  а донесени шест нови патнички возови што набавени од кинеската компанија „ЦРРЦ“.

До сега, во Македонски Железници Транспорт се сменија многу директори, но ниту еден од нив не успеа да го реши долгогодишниот проблем. Дупките постојано се крпат со буџетски пари. За Железничката колку-толку да функционира, годишно се префрлаат од 12 до 15 милиони евра, пари кои заминуваат во ветер.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста