Милион евра за рентање автомобили за гости– нов тендер на МНР

Милион евра за рентање автомобили за гости– нов тендер на МНР

Речиси милион евра за изнајмување автомобили. Превозот на министрите на самитот на ОБСЕ кој ќе се одржи декември во Скопје ќе чини 59.000.000 денари.

На сајтот за јавни набавки е објавен милионскиот договор кој е склучен во два дела. Привата сума е  56.640.000 денари или  речиси еден милион евра е во времетрање од четири месеци, и набавката се прави исклучително за потребите на самиот на ОБСЕ, а вториот дел од договорот е речиси 40 илјади евра (2.360.000,00 денари ) и ќе трае една година за редовните потреби на министерството .

Договорот е склучен по критериум на најниска цена, а само еден понуувач се јавил на тендерот.

Од МНР не одговараат на парашањата на Алфа – за кои автомобилски брендови и модели станува збор за оваа фантастична сума.

Во поголемиот договор склучен со АБЦ Рент а кар пишува дека ќе бидат изнајмени вкупно 175 возила кои ќе се користат 7 до 8 дена. Ќе се плаќа 19.200 денари на ден без ДДВ за мини комбиња за 8 патници и минубиси за 20 патници, па се до 29.000 денари на ден за ВИП моторно возило кое треба да ги има следниве многу специфични перформанси – минимална ширина од 1.820 сантиметри и минимална должина од 4.767 сантиментри, зафатнина од минимум 1.600 сантиметрикубни и моќност од најамлку 120 коњски сили. Ова возило мора да биде црно и да не е постаро од 2014-та година.

Организацијата на конференцијата на која треба да гостуваат 70 министри на ОБСЕ и нивните делегации ќе го чини буџетот 5 милиони евра.

Од нив 1,8 одат кај Еуровиа, фирмата која се појавува како еден од главните донатори на партијата ДУИ за да ја потготви салата Борис Трајкоски, а дури 120 илјади евра одат за агенцијата Рејтинг за промоција и стратешки комуникации, а со останатите 3 милиони евра треба да се обезбеди хотелско сместување и вип превоз за министрите и делегациите.

Министерството за надворешни работи не гледаше ништо спорно во ова а првиот дипломат токму за возилата кажа дека ќе се бара спонзорство или помош од други држави, но очигледно ништо од тоа .

На пример, засега е многу тешко да најдеме 70 возила што ги исполнуваат стандардите. Бараме начини како да најдеме спонзори по однос на возилата за да немаме трошоци. Некои трошоци ќе зависат од тоа дали ќе најдеме спонзори или не, меѓутоа ќе бидеме транспарентни во текот на целата година во однос на трошоците“, рече Бујар Османи на почетокот на годинава на 04.01.2023

Од друга страна Антикорупциска веќе формираше предмет за договорот до Еуровиа .

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста