Здружението на инженери поднесе претставка за концесијата за „Чебрен“

Здружението на инженери поднесе претставка за концесијата за „Чебрен“

Македонските инженери контра владината одлука која под концесија ја дава водата на Црна река за изградба на ХЕЦ „Чебрен“. Енергетските експерти бараат владата веднаш да ја преиспита и повлече ваквата штетна одлука и да не склучува договори со странска компанија со која се откажува од државните води.

Поради бројни недостатоци, Здружениоето на инженери на Македонија поднесе преставка за концесијата на хидроелектраната Чебрен. Преставката е испратена до Уставниот суд, Државното правобранителство, Антикорупциска, Заводот за ревизија, Јавното обвинителство и Бирото за јавни набавки. Инженерите очекуваат надлежните органи да постапат по преставката и да го стопираат процесот за потпишување на договорот за Чебрен, за кој како што велат, отворал простор за сомнителни зделки. Ние како држава може да изградиме ваков енергетски проект, вели за Алфа инжемерот Атанаско Туневски, се офајди грчкиот хидро систем.

Наспроти критиките и алармот од експерстаката јавност од Владата се оптимисти и тврдат дека направиле добра работа, за доброто на државата. Вицепремиерот за економски прашања, пак, не отстапува од Чебрен, и вели дека биле консултирани тие кои најмногу ја познавале проблематиката. Кога ќе се стави потпис за овој енергетски прокет не кажа, ама затоа се пофали дека Владата ќе им дала пари на сите општини за понормално да се развивале.

Од Владата велат дека со оваа одлука се овозможувала реализација на еден од најголемите и најважните енергетски проекти во Македонија, а проценетата вредност на инвестицијата е околу 1 милијарда евра.

Инаку, по 13 пропаднати тендери, по повеќе од 30 години, Владата донесе одлука за доделување на концесија за изградба на хидроцентралата „Чебрен“ на грчката компанија ППЦ-Архиродон. Откако ќе заврши проектирањето и собирањето на документацијата, предвидено е да се почне со градбата. Рокот за изградба е 7 години.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста