Нова измама: Линк кој носи до лажна веб страна на Владата краде податоци за платежни картички

Нова измама: Линк кој носи до лажна веб страна на Владата краде податоци за платежни картички

Измамнички пораки со линк кој носи до лажна веб страна на Влада ги празни сметките на граѓаните.Доклолку ви стигне смс порака од странски број со содржина дека од Владата ќе добидете 100 евра помош за да се намали инфлацијата и доколку клинкете на линкот ве носи на лажен сајт на владата каде треба да ги споделите информациите од бамнкарските сметки.

Ваква смс порака кружи деновиве кај стотици граѓани во Македонија, но колку наседнале на линкот и споделувањето на инфромации за кредитните картички се уште е непознато. Има и такви кои пораката ја блокирале.Сајтот е речиси идентичен како оригиналниот.

Од Владата велат дека немаат испратено пораки за никаков „надомест“ и апелираат граѓаните да не наседнуваат на измамата и да не внесуваат лични податоци на веб-страницата. Случајот е веќе пријавен во МВР.

“Доколку граѓаните добијат или веќе добиле порака со ваква или слична содржина во која се посочува Владата како испраќач, истата треба да ја сметаат за лажна и да не кликаат ниту на дадените линкови, ниту да одговараат на пораките кои ги добиле”, велат од Влада.

Вакви слични измамнички СМС пораки се ширеа пред неколку месеци.Стотици граѓани останаа со празни банкарски сметки затоа што наседнаа на лажните пораки дека имаат пратка која подлежи на царина и откако ќе платите 2 евра Македонски пошти ќе ви ја испрати повторно. А наместо две евра, сајбер измамниците ги празнеа банкарските сметки на македонските граѓани по 500 или 600 евра.

Голем број граѓани подлегнаа на измамата, бидејќи речиси секој втор македонец нарачува преку интернет, а сајбер измамниците ги одбираат токму празниците кога и банките не работат,  па потешко се добива техничка поддршка.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )