Ризичен приватен забавен парк во Скопје, a во Луна паркот на Арсовска само неколку садници наместо реквизити

Ризичен приватен забавен парк во Скопје, a во Луна паркот на Арсовска само неколку садници наместо реквизити

Наместо нови реквизити само неколку нови садници. Култниот Луна парк во Скопје останува затворен точно 7 години без конкретна најава кога и дали повторно ќе стане место за семејно дружење и забава за најмалите.

Она што не го прават локалните власт, се обидуваат да го направат приватни инвеститори. Скопјани си го ризикуваат својот, но и животот на своите најблиски во новиот патувачки забавен парк, за кој градските власти велат дека не ги поседува потребните документи и дозволи со кои се гарантира безбедноста.

Од Град Скопје велат дека станува збор за копанија регистрирана во Чаир пред само еден месец, на која веќе и изрекле парична казна, но, тие продолжиле со работа.

Од државниот пазараен инспекторат и МВР за Алфа велат дека во текот на денот ќе извршат инспекициски контроли кај правното друштво „Дизниленд реквизити“ која ги постави реквизитите на полјаната кај СЦ Борис Трајковски.

Од компанијата пак се правдаат. За дел од медиумите велат дека реквизитите им се нови и оти ги имаат сите сертификати и лиценци за работа.

Градоначалничка Арсовска пак, вели дека не станува збор само за документација поврзана со производството на реквизитите, туку и стручноста на оние кои ги монитраат.

  • „Не е неопходно тие да произведуваат соодветна сертификација само за производството на инструментите, односно реквизитите, туку и сертифицирани лица кои што треба да ги монтираат. Уште една дополнителна точка за тоа, дали истите се безбедно поставени. Истите треба да бидат соодветно сертифицирани и лиценцирани, како и оние кои управуваат и работат со нив на лице место, треба да ги поседуваат истите лиценци.“ – Изјави градоначалничката Арсовска.

Во меѓувреме, од најавениот „најдобар луна парк на Балканот“ ни трага ни глас. Градоначалничката Арсовска, порача дека од паркот не смеат да останат само спомените, но на терен не  е направено речиси ништо.

Детскиот џагор и спомените во скопскиот луна парк останаа само тоа, спомени. Сеќавање за панорамата, балерината и рингишпилите. Иако проектот за обнова е започнат пред повеќе години, портите на паркот се уште стојат врзани со ланци и катанец.

Данела Арсовска пред изборите ветуваше дека во првите две години од нејзиниот мандат целосно ќе го обнови Луна Паркот во кој ќе има и ролеркостери, вртелешки, тобогани, 7Д кино и картинг.

Наместо ова на добро познатата локација досега се посадени само неколку нови дрвја и се вратени дел од старите реквизити кои не работат.

Инаку пред десетина дена во Србија се урна рингишпил, при што беа повредени неколку деца, а едно 13 годишно девојче со тешки повреди беше задржано во болница.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )