Расте нервозата кај ДУИ: Закани, етикетирање за неалбанци- тешко го прифаќаат одењето во опозиција

Расте нервозата кај ДУИ: Закани, етикетирање за неалбанци- тешко го прифаќаат одењето во опозиција

ДУИ тешко ја прифаќа реалноста дека оди во опозиција. Последниве денови со страв на еден начин се закануваат дека нема мирно да заминат од власт. За нив наеднаш стана клучен принципот да коалицираат победник со победник, кој што самите го прекршија во 2017-та кога влегоа во коалиција со СДСМ, иако победник на парламентарните избори беше ВМРО-ДПМНЕ.

Бујар Османи сега порачува дека Албанците ќе биле разгневени доколку во Владата биде коалицијата „Вреди“, бидејќи добиле помалку гласови и биле нелегетимни, ќе било исто како да нема Албанци во Влада.

-Емоциите во албанскиот народ се веќе вшештени и повеќе ние се обидуваме да менаџираме и да контролираме. Ќе сметаат дека Охридскиот рамковен договор не ги заштитува, не го заштитува нивниот глас, нивниот глас се игнонира, е ништовен за државата и дека ќе бараат дополнителни механизми за заштита. Таквото лицитирање ќе биде од еден екстрем во друг екстрем, изјави Османи.

На сличен став како Османи и е нивниот коалиционен партнер Зијадин Села. Според него народот на осми мај гласал ДУИ да биде власт, па тоа морало да се почитува.

-А тоа дали сме ние подготвени за опозиција, тоа по правило на демократските правила него кажуваат политичките чинители, него тоа го одлучува со глас. Народот на осми мај гласаше за Европскиот фронт да презема одговорност и да биде дел од власта. Дефиницијата може да биде мандатар со победник и да преговараат за да состават Влада, изјави Села.

Од коалицијата „Вреди“ велат дека ДУИ коалицирал со партии од другите заедници и поради тоа добиле повеќе гласови од нив, а тие го забетонирале легитимеметот кај албанскате гласачи. Според коалицијата на Меџити, Касами, Гаши и Таравари, реториката на Османи за етничките прашања нема да им помогне на ДУИ. Во меѓувреме продолжуваат преговорите на ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ на ниво на работни групи, а очекувањата се договор за влада да има уште на почетокот на јуни.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )