„Сетек“ прославува 30 години постоење

„Сетек“ прославува 30 години постоење

30 години успешна приказна. Од мала компјутерска фирма до голем синџир за бела техника. Македонската компанија „Сетек“ прослави три децении постоење.

  • „По повод 30тиот јубилеен роденден, обезбедивме навистина, огромни попусти на целиот асортиман. Од бела техника, телевизори, мали апарати за домаќинство, компјутери и телефони. 30 години се навистина потврда за довербата која што ја имаат потрошувачите во бреднот Сетек, исто како што довербата ја имаат странските партнери во нас. Во овие 30 години, ги донесовме сите светски брендови.“ Изјави Дејан Кимовски, Генерален Менаџер на Сетек.

„Сетек – се од техника“ има над 30 продажни салони и вработува над 500 луѓе. Од компанијата велат дека како досега, и во иднина приоритет за нив остануваат потрошувачите и нивните потреби.

  • „Сите заедно продолжуваме понатаму кон остварување на нашиот успех и кон задоволување на потребите на потрошувачите. Бидејќи во фокусот на Сетек секојпат е потрошувачот, како што во текот на годината направивме голем број на таргетирани акции, така и овој 30 годишен јубилеј направивме огромни попусти на целиот асортиман од техника.“ – Додаде Кимовски

Инаку, „Сетек – се од техника“, е формирана во 1993 година, на почеток само како фирма за дистрибуција на ИТ опрема, за полека но сигурно да го проширува своето работење и да стане еден од лидерите на домашниот пазар.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста