Уапсен врховниот судија Наке Георгиев – земал мито од 10.000 евра

Уапсен врховниот судија Наке Георгиев – земал мито од 10.000 евра

Земал 10.000 евра за олеснување на мерките во судска постапка и тргување со влијание – крим полицијата на МВР и Одделот за борба против организиран криминал попладнево го уапсија Наке Георгиев кој работи како Врховен Судија.

Сомнежот неофицијално е дека тој ветувал олеснителни мерки во судската постапка која се води против екс градоначалникот на Ново Село Боро Стојчев кој беше повторно уапсен, овој пат за шверц на марихуана.

Денеска (20.05.2024) лишен од слобода е судија од Врховен суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело ,,Примање награда за против законито влијание”. Судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител, соопшти MВР.

Уапсениот судија стана познат во јули минатата година кој како струмички кадар екпресно брзо напредуваше заедно со неговиот син Кирил, кој пак беше избран за судија во Основиот суд. На седницата на Судскиот совет, откако синот беше избран за судија кривичар во Скопје, Наке Георгиев поднесе оставка од член на Судскиот совет.

Синот беше еден од 25-мина нови судии кои на седница беа избрани по отворените огласи за основни судови во неколку градови во земјава. Во текот на денот се чекаат детали од МВР.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )