МВР се чисти од корумпираните: Вработена фатена на дело со 12.500 евра и обемна сомнителна документација

МВР се чисти од корумпираните: Вработена фатена на дело со 12.500 евра и обемна сомнителна документација

МВР почна да расчистува со корупцијата во своите редови. 41 годишна аналитичарка од МВР е фатена како прима мито од 12 ипол илјади евра кои требало да ги земе за да додели социјален стан, информираше на својот Фејсбук  Министерот Панче Тошковски. Тој најави дека истрагата ќе биде проширена и најверојатно ќе опфати и други службеници на МВР кои се дел од измамата.

Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со Одделот за криминалистичка полиција се постапуваше по пријава од три оштетени лица и на ден 17.05.2024 година наведеното лице е фатено на лице место во моментот на примопредавање на 12 500 евра, претходно криминалистички обработени кои ги прибавила за наводно посредување за добивање на социјални станови од Б категорија, пишува министерот Панче Тошковски на Фејсбук.

Обвнителството отвори истрага за аналитичарката од МВР. Оттаму ја товарат за измама, а од судот бараат да и го одземе пасошот и да и даде забрана за напуштање на градот.

Таа за една година успеала да излаже тројца дека е началник во полициска станица Гази Баба и член на Комисија за доделување социјални станови.

На трите оштетени невработени лица им ветувала дека ќе им посредува да добијат социјални станови во Лисиче по цена пониска од реалната, наведувајќи ги да и исплатат по 12.000 евра за стан и 3.000 евра за посредување и изготвување документација, велат од ОЈО.

Осомничената се занимавала со изработка на фалц документи за позајмици, договори за социјални станови, имотни листови. Обемната документација, полицијата ја пронашла во нејзината канцеларија. На работа чувала документи со кои според истрагата на МВР правела измами, а дома во Сарај и пронашле оружје и муниција за кои најверојатно не поседувала дозвола.

Во канцеларијата на МВР, осомничената аналитичарка чувала и тефрет во кој уредно водела евиденција за кого што работа завршила.

Македонија тоне во корупција според сите досегашни извештаи на невладините кои и меѓународната заедница во последниве години. Според она што го најавуваат од ВМРО ДПМНЕ нивните главни заложби во новата влада е расчистување со криминалот и корупцијата во јавниот сектор.

Според последниот извештај на Транспаренци Интернешнл Македонија е на 85-тото место на Индексот за перцепција на корупцијата. Главни причини се недостигот на интегритет во судството и неефикасното водење на тековните случаи против корупција.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )