Помали сметки за струја, помалку зависни од увоз на електрична енергија – меѓу првите задачи на идната влада
Пониски сметки за струја и укинување на давачката „пристап до мрежа“. Ова би требало да биде една од привите мерки на новата Влада, најавена уште пред изборите.
Експертите уште предупредуваа дека оваа давачка е неуставна и неоправдана уште кога беше воведена, оти парите не се завршуваат во државните електрани туку во приватна компанија.
Според професорот Константин Димитров, граѓаните не плаќаат само 200 денари кои беа најавени кога се донесе одлуката за новата ставка на старт на годинава, туку плус 12-14 проценти повеќе.
ВМРО-ДПМНЕ во предизборната програма вети формирање на посебно министерство за енергетика кое треба да ги координира планираните сериозни вложувања во овој сектор.
Меѓу плановите е модернизација на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј, изградба на две когенеративни централи на гас, изградба на соларни и ветерни паркови, продолжување со гасификацијата.
Покрај проектите во енергетиката со приватен инвеститор каде Македонија нема дополнителни обврски, според Димитров планот за децентрализација на финасиски средства и инвестиции во општините, за што се предвидени 250 милиони евра годишно ќе придонесе за развој на стопанството
Инаку, Христијан Мицкоски најави дека веќе се преговара за две странски инвестиции од кои едната е во енергетскиот сектор. Вредноста на оваа инвестиција е од 400- 500 милиони евра, а новиот енергетски капацитет ќе произведува околу еден терават часови електрична енергија годишно