Вработените во културните институции почнаа со протести

Вработените во културните институции почнаа со протести

Работниците од културата секој ден ќе протестираат се додека не го добијат зголемувањето од 12 отсто согласно усогласувањето на платата со минималната од март. Револтот е голем и затоа што 3000 илјади работници во културата, немаат земено плата за минатиот месец и покрај сите пробиени рокови, а од први мај ќе бидат и без осигурување.

  • „Не убедуваа дека нас во овој момент не ни следува покачување согласно колективниот договор, бидејки ние во септември минатата година сме добиле 10% покачување од општиот колективен договор. Порачуваме на Министерството за финансии и на Министерството за култура ако ја направило грешката и не предвидело пари во буџетот согласно Колективниот договор за култура тоа да го стори и на овие луѓе овде да им исплати плата и здравствено осигурување во најбрз можен рок“- Вера Атанасовска – претседателка на синдикатот на култура.

На денешниот протест ја повикаа и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска да признае дека Министерството е тоа кое го креира сопствениот буџет и дека ова усогласување со минималната плата е нивен пропуст, кој сега се удира по грбот на вработените, но таа не се појави.

https://youtu.be/FjMFQWuiW3o
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста