Петрова: Незаконити се одлуките за вработувања и унапредувања во МФ и согласностите за вработувања во јавниот сектор

Петрова: Незаконити се одлуките за вработувања и унапредувања во МФ и согласностите за вработувања во јавниот сектор

Незаконски  се  предизборните вработувања во јавниот сектор . Постапките за давање согласност за околу 3000 вработувања, унапредувања и трансформација на работни места  непосредно пред формирање на техничката Влада се оспорени од Вишиот управен суд преку две пресуди на тужбите поднесени од дополнителната заменик министерка за финансии Елена Петрова.

Вработувањата за кои параф ставил Фатмир Бесими, можно е да се користат за влијанија за добивање глас плус на изборите, па Петрова како дел од техничката Влада барала прво мислење од ДИК од  каде одлучиле дека вработувањата не се поврзани со изборите, по што е поднесена тужбата.

 Вишиот управен суд донесе две пресуди во моја корист.  Министерот за финансии незаконски ги потпиша сите вработувања во јавниот сектор по сите основи, неопределено време, привремено,. Со поништуваето на одлуките на ДИК сите акти кои не се потпишани со врзан потпис не произведуваат правна дејност , вели Елена Петрова –  дополнителна заменик министерка во техничка Влада

Сега, Државната изборна комисија  ќе треба повторно да  одлучува и за секој предмет  поединечно да донесе одлука.  Министерството за  сега треба да ги достави сите конкретни предмети до ДИК.  Како што обелодени Петрова имало постапки кои биле започнати и месец дена пред формирање на техничката Влада, што ги наметнува прашањата зошто Министерството не ги решило на време овие вработувања, туку се чекало пред избори

Декември и јануари „ фрчеа“ огласи на секоја државна врата . На стартот на годината најголем работодавец беше Владата.  Институциите и министерството за финансии  се правдаа дека огласите се за веќе вработени лица, а за новите дека станува збор за неопходни кадри оти немале со кого да работат.  

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста