Ветувања бројни, ама ниту едно исполнето – Граѓаните не добиваат ниту основни здравствени услуги

Ветувања бројни, ама ниту едно исполнето – Граѓаните не добиваат ниту основни здравствени услуги

Ветуваа здравствен систем по европски терк, а по пет години владеење, здравството е во клиничка смрт. СДСМ предизборно ветуваше се и сешто. Нов клинички центар, нов паркинг во скопските клиники, бесплатно лекување во болниците, три пати повеќе специјализации, проширување на позитивна листа, нов систем за „Мој термин“. Големите проекти за здравствената заштита како да пропаднаа во длабок бунар. По низа дадени рокови, планови, размислувања за каде да се гради новиот модерен клинички  центар, досега не видовме ништо. Хаосот со возила на комплексот клиники, иако на сите министри за здравство им беше приоритет, никој од нив не го реши. Наместо промена на позитивната листа на лекови, јавноста беше сведок на сомнителни набавки, тендери, корупција, недостаток на терапии, инсулини. И медицинскиот кадар требаше да има двојно зголемена плата и да добива награди, да има бесплатна едукација ама поради лошите услови дел од него веќе замина во западните земји.

Скопје добива нов клинички центар;

Времето на одговор на брзата помош го намалуваме на 10 минути во градски и 20 минути во рурални средини;

Ќе продолжиме со вработувања во јавно-здравствените установи за да се јакнат капацитетите на здравствените установи;

Обезбедуваме трипати повеќе специјализации;

Со апликацијата „Здравје за сите“ ќе се скуси времето и „шетањето“ на пациентот од доктор до специјалист и аптека; пишува во предизборната програма за 2020 / 2024 на СДСМ.

За подобрување на условите во јавното здравство, не се ветуваше само за Скопје. Битола, Штип Тетово и Струмица се градовите кои требаше да добијат поголем број на доктори, и подобри услови за работа. Ниту тоа ветување не се исполни. Наместо современо здравство, граѓаните од внатрешноста не добија ништо, освен да патуваат до главниот град и за наједноставен преглед. Затоа што болниците во останатите градови се празни, лекари, сестри, медицински персонал – голем број од нив си ги спакуваа куферите и си заминаа од Македонија.

Охрид, Тетово и Струмица добиваат модерни регионални здравствени центри;

Ги реновираме влезовите и приемните одделенија на болниците;

Ја прошируваме позитивната листа на лекови, лековите на рецепт се достапни во секој дел од месецот, во секое населено место; пишува во програмата.

И покрај колапсот на здравството и проблемите со кои секојдневно се соочуваат пациентите, четвртиот министер по ред во оваа Влада откако седна во фотелјата ветува безброј промени од кои заега јаввноста не виде речиси ништо.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста