Ревизијата на македонската историја по грчки терк класифицирана како „строго доверливо“

Ревизијата на македонската историја по грчки терк класифицирана како „строго доверливо“

Преговорите за историски и образовни прашања со соседна Грција обвиени во тајност. Од Министерството за надворешни работи ја кријат работата на комисијата како најголема државна тајна. Оттаму не одговараат ни на нашите прашања, ниту на нашето барање за пристап до информации од јавен карактер.

Велат, сме барале класифицирани информации, без образложение зошто работата на оваа комисија е класифицирана.

Професорката Наташа Котлар од Институтот за национална историја, вели дека граѓаните мора да знаат што работи комисијата.

  • „Треба да биде транспарантна нивната работа. Како што спомнавте, тие земаат надоместоци од народни пари, колку што ми е познато. Кога станува збор за таква комуникација, нормално е ние да знаеме определана група на луѓе што работи, бедјеќи, тенденцијата на таа комисија е она што ќе го направи, што ќе го договори, дека ќе биде применето во образовната практика, без да земе предвид научната дејноста на македонската историска фела, научна.“ – Изјави проф. Д-р. Котлар.

Но, обидите на МНР за прикривање не им успеаа до крај. Алфа ТВ преку базата отворени финансии утврди дека комисијата во која членуваат Далибор Јовановски, Никос Чаусидис, Људмил Спасов, Ана Чупеска, Фахри Рамадани, и Кица Колбе, од 2018 досега, од државниот буџет извлекле скоро половина милион евра.

Останува нејасно, зошто граѓаните го плаќаат ова седум-члено тело на чело со Виктор Габер, со по 7000 евра секој месец, односно, за секој член по нешто повеќе од 61 илјади денари плата, без јасни и опипливи резултати или информации за тоа, дали воопшто работат.

За разлика од комисијата за преговори со Бугарија, чии членови во ретки моменти се појавуваат во јавноста, комиисијата за преговори со Грција не се знае ниту кога или каде се сретнале, ниту пак дали нешто договориле.

  • „Од кога се формира, па досега, ние не сме разбрале што се имаат направено. Бидејќи ако ги следиме одредбите од спогодбата, тогаш не е во полза на македонската и научна и дејност. Така што, многу сум љубопитна и многу би сакала да знам, што имаад досега договорено и зошто ги имаат земено сите пари“ – Додаде проф. д-р. Котлар.

Имајќи предвид дека разговорите со Бугaрија заглавија помеѓу дилемите за некои клучни историски личност, во јавноста се погласно се шпекулира дека и разговорите со Грција не се поместени од мртва точка, а преговарачите земаат плата од народот без ништо да сработат. Или едноставно, го кројат македонското минато и иднина на нетранспарентен начин, зад затворени врати. За тоа, што сработиле, граѓаните веројатно ќе дознаат кога нивните препораките за ревизија на македонска историја ќе се најдат во учебниците и образовните програми.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста