Вања се задушила во вреќата за спиење, а потоа било пукано во неа?!

Вања се задушила во вреќата за спиење, а потоа било пукано во неа?!

7 часот и 20 минути. 27 ноевмри, понеделник. Ова утро токму од тука Вања требаше да излезе за на училиште. Но тоа не се случи, туку таа е изнесена е во вреќа за спиење со врзани раце и нозе.

Зградата на улицата Наум Наумовски Борче бр 87. нема подземна гаража и единствениот влез и излез е на самиот агол на едно од нафрекфентните места во градот.

Откако во 7 и 20 минути ја затворила влезната врата од дома според кажувањата на полицијата, таа е грабната во самиот влез во зградата внатре.

Грабнувачите и ги врзале рацете и нозете и ја ставиле во вреќа за спиење. Каде и да им била позиционирани  возилата Цитроен и Реното канго  и без разлика во кој правец тргнале речиси насекаде има камери.

Едната е во правец на кај улицата Орце Николов, а другите камери се поставени на Илинденска, Дури и самиот паркинг е покриен со камери. Видео надзор има и во двата дуќани на влезот на зградата.  Па оттука најверојатно полицијата има и снимки од возилата и од грабнувачите, но засега нема официјална потврда за тоа.

Оттука грабнувачите возат накај селото Бразда близу Општина Чучер Сандево. МВР тврди Љупчо Палевски викан Палчо кој важи за контроверзен градежник кој има своја политичка партија според МВР е убиецот, а имал и неколку сопартијците кои му помогнале. Токму тие се во притвор откако раскажале за договорот, грабнувањето и реализацијата на убиството на Вања.

Двете возила, во цитроенот е грабната Вања,  друготот Рено вози напред се упатуваат кон Општина Бразда. Сопартијците на Палчо точно знаат каде и е гробот, а полицијата ја откопа вчера.

Спред неофицијални информациии на Алфа од истрагата, таа се задушила во вреќата за спиење а потоа било пукано во неа.

Според исказите на дел од осмничените Вања била убиена во 10 часот истиот ден кога е киднапирана.

Првоосомничениот поукал на 27, а на 30 ја напуштил државата. Во паника пукал веднаш, а решил да бега после 3 дена, односно според информациите на МВР ја напуштил земјава на 30 прво за Белград, после за Бугарија.

Токму зградата во која живееше жртвата е првата зграда што изградил овој градежник. Тој исто така живее во непосредна близина и на уличиштето Песталоци во кое учела жртвата.

Пред една седмица,  Вања не успеа да ја изоди трасата до училиште од Градскиот парк до Пестолоци. Парите од продажбата на станот кој го продала мајка и, наводно се мотивот и причината зошто таткото Александар му дал инфомации на Палчо, за да може да ги изнуди од сопственото семејство.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста