УЈП: Домашни компании со сопственици од Косово и Хрватска, се обиделе да ја измамат државата преку поврат на даноци

УЈП: Домашни компании со сопственици од Косово и Хрватска, се обиделе да ја измамат државата преку поврат на даноци

Преку фиктивни фактури и заеднички сметководител, домашни компании во сопственост на државјани од Косово и Хрватска се обиделе да ја измамат државата за 180 милиони денари преку поврат на даноци.

Регистрирани за трговија со нафта и нафтени деривати на големо и мало, ги изигрувале законите преку промена на назив и седиште на правното лице, како и промена на сопственичката и управувачката структура, без да имаат пријавени вработени, лиценци, бензински пумпи или складишта.

  • „Првичен сопственик и управител на двете правни лица, пред да се изврши промената и да се назначи нов основач и управител било едно исто лице, кое што во 2023 го има сменето презимет, од негови, фамилијарни причини, а овластен сметководител на двете правни лица е едно исто правно лице. Кај сите овие три случаи за обавување на дејностам, не поседуваат леценци за трговија со нафта и нафтени деривати од регулаторна комисија за енергетика, немаат бензиска пумпа и немаат складиешн простор за да ја чуваат нафтата.“ – Изјави Лукаревска.

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, одби да ги обелодени имињата на компаниите, тврди дека законот не и го дозволува тоа. Само рече и дека кога биле да им соопштат на фирмиите дека се под сомениение оти нивниот печат се користи за криминални активности, тие им се насмеале на инспекторите. Станува збор за компаниии од липковско-кумановскиот регион, кои имале добро разработена шема, а зад која управата се сомнева оти стојат двајца сопственици.

  • „УЈП има доставено писмена пријава со прилог докази до ОЈО и до МВР, на ден 15.11.2023, а истовремено имаме до управат за финансиска полиција пријава и известување со прилог докази на ден 01.12.2023 година. Истовремено, бидејќи навремено сме ги превенирале овие состојби, нема оштета на буџетот.“ – Истакна директорката на УЈП, Лукаревска.

Комапниите се обиделе да ја оштетат државата по два основи, исплати за повртат на ДДВ и данок на личен доход. Сега, случајот е во рацете на други инситуции кои треба да ги пронајдат сторителите, но, од УЈП велат дека тие ќе продложат да истражуваат и да достават нови докази и сознанија до нивните колеги.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста