Свечен дочек на пасошите на граница – Бојмацалиев се пофали дека пречекал 140.000 обрасци

Свечен дочек на пасошите на граница – Бојмацалиев се пофали дека пречекал 140.000 обрасци

Би било смешно, да не беше тажно. Свечено дочекани обрасците за пасоши во Македонија. Со високи почести, фотографии и фалби, заминикот министер за внатрешни, Митко Бојмацалиев на полноќ објави дека бил на гранчниот премин богородица и пречекал 140 илјади обрасци. Па напиша „МВР за граѓаните на дело – пристигнаа“.

Во објавата тој најавува и дека ќе стигнат уште 85 илјади обрасци, со што бројката од 225 илјади ќе се комплетирала. Упати и апел до сите граѓани навремено да ги поднесат барањата за промена на своите пасоши.

Потегот на заменикот во МВР, наиде на потсмев и револт истовремено на социјалните мрежи, а гневните граѓани кои поради неажурноста на Спасовски и неговите помошници останаа заробени во државата реагираат зошто ваков театар, по целиот хаос.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста