ВМРО-ДПМНЕ ОК Центар: Тотален хаос на улицата 50-та Дивизија! (ФОТО)

ВМРО-ДПМНЕ ОК Центар: Тотален хаос на улицата 50-та Дивизија! (ФОТО)

Од локалниот огранок на ВМРО-ДПМНЕ во скопски Центар, алармираат за „тотален хаос на улицата 50-та Дивизија“

Оттаму велат дека градоначалникот Герасимовски, постојано создава проблеми за центарци:

  • „Негрижата и незнаењето на Горан Герасимовски постојано создава проблеми за центарци! Најнов пример е сообраќајната катастрофа како резултат на необележани улици, не поставување соодветна сигнализација и невоведување резидентно паркирање. Сево ова прави на 50та Дивизија автомобилите да не можат да се разминат, а жителите да се приморани да паркираат по тротоари!“ – Пишува во соопштението до јавноста.

Оттаму додаваат дека оваа улица не е исклучок –

  • Кадрите на СДСМ со години ја уништуваат општината, а центарци со соочуваат со супстандардни услови за живот. Хигиена на најниско ниво и урбана опрема која ја има само во ветувањата на власта.“

Тие побараа Герасимовски лично да им се извини на граѓаните

  • „Редно е градоначалникот Герасимовски конечно да излезе од канцеларија, лично да им се извини и да им одговори на центарци, дали не сака или едноставно е неспособен да се справи со проблемите!“

Засега останува јавноста да посведочи, дали градоначалникот ќе реагира на овие обвинувања или не.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста