Стружани се жалат – Предизборно изградените улици ќе траат колку и кампањата

Потоп на новоасфалтираните улици во Струга,дождовите буквално ги полавија сите нови сообраќајниците,загрозувајќи ја безбедноста на возачите.Посебно драматична е ситуацијата на една од најфреквентните делници на излезот од Струга.

– Како граѓанин на Струга, пoсле ова слободно можам да заклучам дека за ваквата грда слика нема никаква логика и оправдување, после сите потрошени пари за реализација овој заеднички проект помеѓу Општина Струга и Светска Банка.Овде има работа и за Основното Јавното Обвинителство во Струга-вели адвокатот и граѓански активист Ардијан Демири.

Вчера при патување од Струга кон Охрид користејќи ја баш таа делница, од големата количина на вода која што беше собрана на патот, за малку при нормална брзина колку што е дозволена, ќе излетав од коловозовот, бидејќи водата ме исфрли.Тие инвестиции очигледно е дека се прават само заради изборни ефекти.Истите се изведуваат без никакви специфични критериуми и квалитет.Она е направено што викаат србите, да држи воду, док мајстори оду и после што ќе биде понатаму не е битно вели Ардијан Демири-граѓански активист.

Антикорупциска и сите останати надлежни институции кои се повикани да вршат контрола и надзор на трошењето на јавните пари,треба да се вклучат и да стават крај на овој феномен на предизборни активности и кампања-додава Демири.Тој јавно кажа дека се подготвува тужба против општина Струга,стружани ја спорат изградбата на паркинзи,велосипетски патеки и тротоари.Градежните активности кои се изведуваат во текот на оваа година им го бликираа пристапот до дома.

Сеуште ги чекаме непходните вештачења од страна на вештите лица ангажирани во случајот, кој се однесува за изградба без никаков критериум на тротоари, паркинзи, велосипетски патеки, кои што поминуваат и им ги затвораат влезовите на објектите изградени со одобрение за градба,кои таму постојат повеќе од 50-60 години вели Ардијан Демири-граѓански активист.

Во меѓувреме и додека дождот ги поплавува новоасфалтираните улици,стружани ги преплавија социјалните мрежи.

-“Нов асфалт покрај езеро,а како да возиме во езеро,оваа мизерија и срамота е недозвoлива во 21 век.Шахти никаде, заборавиле дека постои атмосферска канализација. Десната страна на коловозот да се користи за кајчиња,а левата за автомобили и обратно”

Од Општина Струга се огласија преку фејсбук, тврдат декапроектот на шеталиштето покрај езерото бил во завршна фаза,ама не бил целосно завршен.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста