Кандидати за „Гинис“ на локалните избори: Најстариот 91 годишник, најмладиот штотуку полнолетен

Виничанец се бори за Гинис. 91годишен маж од Виница најверојатно е и најстариот кандидат за советник кој досега има учествувано на локални избори. Тој е на петтото место на листата на една политичка партија. Но и Берово не заостанува. Таму пак 83 годишна жена се уште е со амбиции да направи нешто подобро за својата општина доколку Беровчани одлучат да гласат за нејзината матична партија. Куманово пак го има најмладиот кандидат за градоначалник, 21годишна девојка. И додека кандидатите за советници и градоначалници ја трчаат последната недела од кампањата, Општинските изборни комисии ги прават списоците на гласачи кои поради старост или болест ќе гласаат еден ден порано. Во Источна Македонија според бројот на гласачи најмногу пријавени има во Делчево дури 306, а во Штип најмналку.
„Заклучно до полноќ кога беше и крајниот рок за пријавување на лицата кои не можат да го искористат своето право на денот на изборите, односно тие ќе гласаат ден претходно, во штип се имат пријавено 145лица. Во моментот како база на податоци ги обработуваме . Седницата на ОИК е закажана за во вторник кога ќе ги разгледуваме сите барања„-изјави Виктор Вацев, претседател на ОИК Штип
До утре на полноќ завршува рокот за пријавување на гласачи инфицирани со Ковид. И тие ќе гласаат ден претходно. До сабота екипи на Центрите за јавно здавје треба да ги дезинфецираат избирачките места. Членови на една општинска изборна комисија од регионот се пожалија дека избирачки места во руралните средини имаат руинирани тоалети и се неупотребливи. Од ДИК соопштија дека тие објектите ги преземаат такви какви што се, а за условите одговорни се локалните самоуправи.
Александра Ристевска