Скандал по скандал во културата-ресорната министерка ја затвора библиотеката „Кочо Рацин “во Тетово за да го даде просторот под закуп

Скандал по скандал во културата-ресорната министерка ја затвора библиотеката „Кочо Рацин “во Тетово за да го даде просторот под закуп

Нема крај на скандалозните случувања во културата. Последниот одекнува од Тетово, каде наспроти најавените отворања на нови Национални установи од областа на културата, Министерството за култура времено ја затвори библиотеката “Кочо Рацин” во Тетово.

Алармот за состојбите го вклучи стручната фела која реагира дека библиотеката се затвора и се сели во помали простории заради тоа што министерката за култура решила да го даде просторот под закуп. Критикуваат дека со ваквиот ,,културен” чекор, министерка Бисера Костадиновска Стојчевска само продолжува кон дното влечејќи ја со себе целокупната македонска култура.

Во видео објава на социјалните мрежи проф. д-р Михајло Марковиќ, вонреден професор на Универзитетот во Тетово, реагира дека со решение од август, библиотекатата ,,Кочо Рацин” се сели во уште помала просторија. Предупредува дека тоа се прави заради политички цели, односно заради издавање под закуп на делегации на ЕУ. Со ова според Марковиќ, Костадиновска Стојчевска ја уништува и последната културна етапа во Тетово. Марковиќ реагира дека е невозможно да се замисли во 21 век библиотека да се сели од една во друга просторија, а уште потрагично е што книгите се пакуваат во пакети и поголем дел од нив веројатно воопшто нема да се најдат на полиците во новиот објект.

„Навистина е трагично што министерството за култура прави напори и политички и културни и етнички да уништи се што е културно во Тетово“, реагира Марковиќ.     

https://www.facebook.com/watch/?v=1463021337573939

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста